Jeлена Спенџарска дипли облека, чисти тоалет дома: „Ова за некого е кошмар, за мене е медитација“ (видео)
- Детали
- вторник, 09 јуни 2026
„Исто, топ!“, „Неделното чистење е ментален детокс“, гласат дел од позитивните коментари од следбеничките на видеото каде Јелена Спенџарска брише прозорци и правосмука во својот стан во Скопје и за чистењето на домот вели: „Ова не се ОБВРСКИ…. туку УЖИВАЊЕ!“

Јелена Спенџарска постојано истакнува дека најубавото прибежиште ѝ е нејзиниот дом, дека омилено ѝ е да си го минува времето таму, релаксирана и сама гледајќи си некоја серија.
Но, сега со видео на Инстаграм таа откри дека ужива и во домашните обврски, односно во чистењето на својот дом.

Од правење палачинки до чистење на прозорци и тоалет, преку диплење облека и правосмукање, таа откри дека со добра музика и слушалки на ушите - ужива во овој процес.

Јелена вели:
„Ова за некого е кошмар, за мене е медитација! Уживање по дома со музика! Не ОБВРСКИ…. туку УЖИВАЊЕ! Ако не знаеш да уживаш сам со себе - нема да уживаш ни со луѓето околу тебе“.

На нејзината објава доби многу позитивни коментари, а голем дел од нејзините следбенички се сложија дека извршувањето на домашните обврски им е релаксација, а не напор.


Кликнете на нејзиното видео:
С. С. | Црнобело