Како до Холивуд - FX3X отвора школа за визуелни ефекти

Визуелни ефекти, aнимација, постпродукција. Ова се едни од највозбудливите и најбарани професии во последниве години, а кај нас за најдокажани важат FX3X, компанија која во своето 20 годишно работење успеа да стане незаменлив дел од групата компании кои работат на визуелни ефекти за најголемите и најскапи филмски блокбастери како Transformers, Star Wars, Aquaman, Guardians of the galaxy, Mission Impossible, Godzilla, Black Panther, Spider Man, Captain America и десетици останати почнувајќи од првиот нивен голем проект, филмот Aviator на Мартин Скорсезе со Леонардо Ди Каприо во главната улога.

kako-do-holivud-fx3x-otvora-shkola-za-vizuelni-efekti-001.PNG

Она што е уште повозбудливо е дека овој пат FX3X отвараат школа за сите оние кои сакаат да го научат занаетот. Уписите се веќе започнати во школата за визуелни ефекти наречено VFX Nest. Ова е првото школа за визуелни ефекти кај нас. Се разбира, во рамки на истата директно ќе бидат вклучени најискусните артисти од FX3X, со огромно искуство, со што студентите ќе имаат можност да учат директно од луѓето кои работеле на култни сцени од нивните омилени филмови, а зошто да не и наскоро, да се видат и себеси како дел од оние кои се впишани во шпиците на добитници на Оскар.

Пријавувањето во школата е исклучително едноставно, се што треба да направиш е да испратиш email на fx3x.jpg и ќе ги добиеш сите податоци за упис во VFX Nest, првата школа за визуелни ефекти во Македонија.

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Перо Антиќ и Горан Пандев имаат по 3 деца - Кои се наследниците на македонските спортисти? Синот на Кире Лазаров, Благојче, пред неколку години тренираше ракомет, а најмал...
Сопругата на Бојан Чунде, кој по скок од педалинка во Охрид останал во количка: „Верував дека тој ќе... „Притисок лично јас не чувствував, затоа што јас никогаш не мислев дека тој ќе о...
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...

Најчитани неделава