Ана Дупарова од Де Факто: „Главно диско правило – танцувајте повеќе“

„Искусните журкаџии бараат квалитет од нивното време, а ние го нудиме тоа. Од матуранти до генерациите на нашите родители, Де Факто e диско за сите“, вели Ана Дупарова.

ana-duparova-od-de-facto-glavno-disko-pravilo-tancuvajte-povekje-01.jpg

Ана Дупарова е 28 годишна девојка од Гевгелија, дипломиран инженер – архитект, која веќе 7 години успешно го раководи летниот ноќен живот во единствената летна дискотека во тој регион – Де Факто.

Де Факто е приказна која започнала во 2012 година на брегот на реката Вардар во Гевгелија. Предизвикот да се подигне нивото на ноќниот живот во најтоплиот град во Македонија, па и во целиот тој регион, Ана го зграпчила уште од првиот ден.

Речната свежина за разлика од врелиот градски воздух, огромниот потенцијал на големиот простор и  „дупката“ во ноќниот живот, биле доволна причина да се спојат пасиите кон уредувањето на простор и желбата за квалитетна забава.

Од тука, до денес „Де Факто“ расте и се етаблира како една од најголемите и најквалитетните дискотеки во Македонија, зборови што ги користат посетителите.

На само 28 години да се биде раководител на ноќен клуб и успешно да се раководи со него и не е така лесна мисија... Како успеваш во тоа?

Успехот доаѓа првично како резултат на природната смиреност, која ја носам со себе уште од дете, а голема заслуга во тоа има воспитувањето од моите родители, тоа ми овозможува да носам свесни одлуки, дури и во 3 часот наутро.

Па, следува добрата организација на обврските и најважно - селекцијата на тимот, бидејќи самите луѓе кои ќе го сочинуваат тоа семејство надвор од дома е клучно за позитивната енергија на работната атмосфера. За овој бизнис конкретно се потребни ноќните птици, вредни, комуникативни и психо – физички издржливи.

ana-duparova-od-de-facto-glavno-disko-pravilo-tancuvajte-povekje-07.jpg

Во вашиот тим има многу мажи, а на чело стои жена... Колку мажите прифаќаат наредби од жени? Колку знаат да го почитуваат зборот на една жена?

Како и во секоја фамилија, така и во ова нашето диско - семејство, за да се тераат домаќински работите, треба женска рака, нели? На нас женските и онака ни работат 300 табови паралелно во глава, па, со таа предност на полот, работите си легнуваат поприродно, докажано, па и во различни индустрии.

Шегата настрана, лидерот нема пол. Позитивната сила на влечење на работите напред е долгогодишна инвестиција во себе и во тимот.  Голем дел од персоналот, на сите нивоа, е со Де Факто од самиот почеток, па се трудиме да вложуваме и ние во нивниот раст, како што тие го вложуваат своето време тука, за нашата приказна да биде ова што е денес, и што треба да биде во иднина.

ana-duparova-od-de-facto-glavno-disko-pravilo-tancuvajte-povekje-02.jpg

Како изгледа еден твој работен ден?

Забавен, колку што звучи и невообичаено напорен, колку што некогаш ни сама не можам да замислам. Најактивните работни часови се оние кога сите се дојдени на забава.

А, тоа е само завршниот продукт на целата работна недела, која бара континуирана активност и кога функционираат и сите други институции и компании – од доставувачи на роба до банки, контактирање со изведувачи и сите ситни обврски, кои излегуваат непредвидено, поради кои се случува да морам да го прекинам сонот, а само што започнал.

И само што изгрева сонцето, завршила ноќната авантура, влегувам од штикли во патики, ја собирам косата и се наметнуваат и приватните, женски обврски – пералната, кујната, кучето... И мааалку временце за себе. Едвај.

ana-duparova-od-de-facto-glavno-disko-pravilo-tancuvajte-povekje-08.jpg

Диџеи, пејачи и бендови од земјата и странство – постојано имате новитети во Де Факто, кој е одговорен за организацијата и колку тешко оди договарањето со ѕвездите?

Најголемиот предизвик во целата оваа работа е токму тоа – да се погоди вкусот на целата популација која доаѓа во дискотеката, а тоа е голема бројка. Новото време си бара нова динамика, новите изведувачи, а искусните журкаџии бараат квалитет од нивното време.

Се трудам крајната одлука да е задоволувачка за што повеќе вкусови и генерации. Во крајниот пресек, двата главни фактори се консултациите со тимот и слушањето на барањата на публиката.

На пример во петок на 21 јуни, ни доаѓаат Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ. Низ кратката наша историја, на програма поминале доста етаблирани артисти од различни профили од локалната, националната, балканската и светската сцена, па дури сме имале и артисти кои настапувале на фестивали како Tommorowland.

ana-duparova-od-de-facto-glavno-disko-pravilo-tancuvajte-povekje-09.jpg

Дискотеката е неодамна реновирана, собира 3.000 луѓе, има кров кој се отвора... Колку се трудите да ги следите светските стандарди?

Оваа приказна раскажуваше свои стории само 4 месеци во годината. Потребите на општеството за квалитетна забава преку целата година се наметнаа како фактор да се надгради во повеќенаменски  простор, кој ќе функционира 365 дена, а и преку целиот ден.

Се трудевме да ги следиме светските стандарди во сите аспекти – од светло и звук преку инвентар и целиот дизајн. Кровот кој се отвора е новитет и ретка слика кај нас, па и на Балканот, а е бенефит кој ни овозможува непречено функционирање при секакви временски услови.

ana-duparova-od-de-facto-glavno-disko-pravilo-tancuvajte-povekje-04.jpg

Дали ја посетуваат луѓе од други градови? По што се истакнувате од останатите локали?

Поради големиот капацитет на просторот, имаме место не само за локални посетители, туку и за гости од земјава и странство, кои доста често ни доаѓаат од сите страни.

Самата местоположба – надвор од град покрај река, континуираната разноликост во репертоарот и фузијата од концепти на дискотека и лаунџ бар, сметаме дека е концепт кој ги задоволува сетилата за комплетно искуство.

ana-duparova-od-de-facto-glavno-disko-pravilo-tancuvajte-povekje-10.jpg

Дали социјалните мрежи се алатка број 1 за привлекување на гости во денешно време? Колку ги промовирате настаните таму?

Напредната технологија дозволува многу лесен и брз начин на промоција, и секако дека на нашите профили De Facto на Фејсбук и @defactogevgelija на Инстаграм сме активни колку што бара динамиката на самата дигитална ера.

Но, сметам дека стариот, добар начин – усмената препорака од позитивното искуство на посетителите е секогаш најдобра промоција.

ana-duparova-od-de-facto-glavno-disko-pravilo-tancuvajte-povekje-06.jpg

Колку Македонците знаат да се забавуваат? Дали доаѓаат постари гости?

Македонците знаат да се забавуваат. Но, атмосферата сепак многу зависи од разноликоста на репертоарот и тоа што ќе го даде самиот изведувач.

Ние се трудиме секој викенд да креираме шарена програма, затоа и ни доаѓаат различни генерации – од матуранти до генерациите на нашите родители.

ana-duparova-od-de-facto-glavno-disko-pravilo-tancuvajte-povekje-13.jpg

Да можеш да поставиш едно правило за подобрување на ноќниот живот во Македонија, кое би било тоа?

Секој локал постојано да си создава своја програма. Уникатна приказна која ќе биде наменета за своите. Редовна инвестиција во добра и разновидна програма, која задоволува повеќе вкусови - би се издвоило како некое правило за подобра забава.

А, на посетителите би им порачала да ја ослободат позитивната енергија и да се смеат и да танцуваат што повеќе, како што и личи во дискотека. Затоа што таа убава енергија лично ми е најголема мотивација и признание за добро завршена работа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Мешана салата - 340 денари, шопска - 360 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2023-та? Во Охрид годинава во еден ресторан мешаната салата чини 340 денари, а шопската 3...
Ивана Кнез: „Нè учат да се плашиме од живот – пази што јадеш, пази со кого се дружиш, пази, пази...“ „Во ‘новиот свет’ нè учат да се плашиме од живот. Пази што јадеш, миј раце, вежб...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg