ПроКредит Банка со награда за најеколошка компанија

Согласно јавниот конкурс на Град Скопје за општествено одговорни компании ПроКредит Банка АД Скопје беше избрана како најеколошка компанија која има успешна примена на интерни стандарди и придонес во зачувување на животната средина.

ПроКредит Банка континуирано имплементира мерки за намалување на негативното влијание кон животната средина преку интерно изграден Систем за управување со животна средина, сертифициран со ИСО 14001. Како дел од применетите мерки од страна на ПроКредит Банка може да се напоменат:

  • 66% од возниот парк на банката се електрични/хибридни автомобили
  • полнач за електрични автомобили во дворот на Централната Управа достапен за бесплатна јавна употреба
  • сопствена фотонапонска централа за производство на електрична енергија
  • систем за селекција и рециклирање на отпад
  • употреба на геотермални и топлински пумпи за ладење и греење на Централната Управа
  • употреба на хартија која има сертификат за оддржливо шумарство и имплементација на дигитални потписи за секој вработен со цел намалување на потрошувачка на хартија
  • континуирана едукација за покренување на свесност за заштита на животната средина.

procredit-banka-so-nagrada-za-najekoloska-kompanija-01.jpg

Покрај овие интерни мерки во работењето на банката, ПроКредит Банка се стреми и кон одговорно кредитирање и утврдување на ризик кон животната средина од инвестициите кои ги финансираат и промоција на еко кредитирање. Досега ПроКредит Банка има пласирано преку 80 милиони евра во кредити за обновниви избори на енергија, енергетска ефикасност и проекти за подобра животна средина.  Повеќе детали за еко стратегијата на ПроКредит Банка може да прочитате на следниов линк.

“Како компанија која стратешки имплементира мерки за намалување на негативното влијание кон животната средина за нас претставува чест и задоволство да бидеме пример на еколошка компанија. Се надеваме дека и останатите компании ќе го следат нашиот пример и ќе инвестираат во слични мерки.  Благодарни сме на град Скопје за оваа награда и планираме овие средства да ги инвестираме во дополнителни активности за подигнување на свеста кај населението за подобра грижа кон животната средина.”- изјави Методија Миноски, Раководител на одделот за  управување со животната средина во ПроКредит Банка.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава