Изживувањето никако да запре врз коњите во Македонија! (вознемирувачки фотографии)

Тепани, претоварени, изгладнувани, умираат без капка вода, секојдневни робови на вжештениот асвалт! Која цивилизирана земја го третира ова за подразбирливо, прифатливо, нормално?

izzivuvanjeto-nikako-da-zapre-vrz-konjite-vo-makedonija-voznemiruvacki-fotografii-01.jpg

Прашуваме како е можно се уште државата  да бидецелосно инертна и го игнорира секојдневниот проблем на злоупотреба, преработување, искористување на коњите како превозно средство и средство за влечење товар во Македонија.

Во меѓувреме ова се снимки и слики од улиците врз основ на кои може  да процените сами дали овој проблем смее и понатаму да се премолчува!

izzivuvanjeto-nikako-da-zapre-vrz-konjite-vo-makedonija-voznemiruvacki-fotografii-02.jpg

izzivuvanjeto-nikako-da-zapre-vrz-konjite-vo-makedonija-voznemiruvacki-fotografii-03.jpg

izzivuvanjeto-nikako-da-zapre-vrz-konjite-vo-makedonija-voznemiruvacki-fotografii-04.jpg

Инсистираме да се превземат итни мерки за да се спасат коњите од секојдневно злоставување и измачување! Инсистираме да се донесат забрани за нивна употреба во урбани средини, затоа што ја загрозуваат колективната безбедност.

Иако поднесовме ПРЕДЛОГ ИНИЦИЈАТИВА до сите надлежни институции, со пресек и усогласување на повеќе законски акти ; иако побаравме од кандидатите за градоначалници пред локалните избори да се заложат за ургентно воспоставување на забрана за движење на влечни коли со коњи во урбани средини, во рамки на Одлуки за комунален ред на ЕЛС -  со што ќе се оневозможи злоупотребата на коњите и обезбеди поголема безбедност на сите граѓани во сообраќајот – тогаш беше „ќе биде, ќе биде“ но до сега ниту еден  до сега не се произнесе за нашето барање.

Никој децидно не кажа дека конечно ќе запре мачењето на овие животни; дека се обезбеди сообраќајна безбедност и обештетат оние кои со коњите преживуваат на начин на кој не смее да живее никој во едно нормално, цивилизирано општество.

Здружение за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Тин ѕвездата Филип Поповски наполни 17 години, Цаци Паковска горда: „Ти си син што го сакам, иако не... „Мој Филип, ти си повеќе од откритие... Секоја твоја изговорена реченица, секоја...
Сандра Кирков воодушевена од плажа во Црна Гора: „Сет лежалки е 25€, еспресо 2,20€, бич-барот е во б... „Модерно е, естетски убаво, има супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаун...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава