Уникатна можност да го слушнете Охридското Езеро

Културно историското богатство е од непроценливо значење за еден народ. Едно од тие богатства се токму Охрид и Охридското Езеро, старо 2 до 3 милиони години. Посебно, уникатно и прекрасно, од повеќе аспекти.

unikatna-moznost-da-go-slusnete-ohridskoto-ezero-01.jpg

На неговите убавини, непроценливото значење и вредноста, како и на важноста од негово зачувување се посветува  Македонски Телеком, од каде што во соработка со македонскиот композитор Џијан Емин се иницираше иновативен проект насловен како „Гласот на Охридското Езеро”, кој е спој на технологијата, музиката и природата.

Токму музиката е таа која буди емоции, која има сила да ни ги разбурка длабоките заборавени чувства, која има сила да нѐ понесе, да нѐ разбуди... А токму таква е и оваа музика-глас на вода, на езеро.

Звукот на Охридското Езеро во раните утрински часови успева да ни пренесе чувство на оптимизам и мир, во пладнињата нѐ почестува со сиот свој интензитет и бескрај, а во квечерините ни овозможува да го видиме, ко пред очи, движењето на рибите сред сиот подводен свет!

unikatna-moznost-da-go-slusnete-ohridskoto-ezero-2-2.jpg

Препуштете се на звукот на најстарото езеро во Европа, чујте како шепоти, како знае да се вознемири, да раскажува и да се возбуди,.. како знае да си ги покаже и силата и нежноста. Слушнете ја неговата утринска песна, пладневниот шум и ноќното магично бранување... Слушнете го гласот на Охридското Езеро!

www.glasotnaezeroto.mk е уникатен и иновативен проект, кој нѐ разнежнува пред убавините на Охридското Езеро и ни влева порив за зачувување на неговото непроценливо значење и вредност.

unikatna-moznost-da-go-slusnete-ohridskoto-ezero-03.png

„Звукот на Охридското езеро е одраз на креативен творечки дух, идеален спој на технологијата, музиката и природата, а воедно е и потврда дека здружени може да создадеме вистински вредности. Неповторлив и магичен проект, создаден во соработка со Македонски Телеком и со еден од пријателите на Охридско лето, композиторот Џијан Емин, со што на уникатен начин не потсетува на богатството коешто го имаме. Музичка авантура која ќе остане вткаена во нашата културна вредност и ќе раскажува за разноврсноста и непроценливата убавина на Охрид,“ - Наташа Поповиќ Директор на Охридско лето.

unikatna-moznost-da-go-slusnete-ohridskoto-ezero-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава