Витаминка со право на користење на ликовите "Minions"

vitaminka-so-pravo-na-koristenje-na-likovite-minions-001.jpg

Прилеп (30.07.2019) - Мега популарните "Minions" ќе се аплицираат на Стоби Флипс со вкус на сирење што ќе се најде во маркетите во Велика Британија до крајот на септември 2019-та година. „Витаминка“ се стекна со право на користење на ликовите "Minions" за производство на продукти од сопствената производна програма. Станува збор за бренд што е сопственост на една од водечките светски медиумски компании за развој, производството и маркетинг на забавни содржини, вести и информации за глобалната публика "NBCUniversal".

За стекнување со наведените права, односно отпочнување соработка во овој дел, компаниите подлежат на исклучително строга ревизија и контрола на секој аспект од производството и севкупното работење, со цел да се осигураат строгите критериуми кои мора да бидат задоволени. „Витаминка“ доби ревизорски извештај со највисоки оценки што овозможи важност на сертификатот за наредни две години, без задолжителна едногодишна реевалуација.

Како за почеток ќе се произведуваат тематски пакувања по повод празникот "Halloween" на кои ќе бидат претставени омилените анимирани ликови "Minions". Оваа верзија на Стоби Флипс исклучиво ќе биде наменета за пазарот во Велика Британија, за купувач со стекната лиценца од "NBCUniversal".

vitaminka-so-pravo-na-koristenje-na-likovite-minions-01.jpg

По докажаната сериозност и професионалност на компанијата „Витаминка“, со исполнувањето на строгите критериуми и високите светски стандарди, се постави основа и за понатамошна соработка и отпочнување преговори за дополнително производство на продукти под брендот "Minions“.

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Аеродромци се жалат на музиката од Тоше која свири 12 часа на ден на „Детска улица“: „Убаво е за мин... „Видеото е снимено денес, недела, во 9 часот наутро. Некој можеби ќе рече: „Па у...
„Баба е!“ – изјава што предизвика жестока кавга меѓу Маја Поцевска и Златко Андовски Во последната епизода на емисијата Нешто конкретно, разговорот на тема убав...
Шминкерот Марјан Петров ја разубави Лепа Брена за концертот во Охрид - сподели фотки од гардеробата ... „Една е Лепа Брена“ - напиша познатиот фризер и шминкер од Струмица, која со год...
Шминкерот Марјан Петров на луксуз во Сент Мориц: „Ручек е и 300€ по лице, тука е светскиот џет сет“ „Присуствував на поло настан кој има традиција од 1985 година, а се игра на смрз...
Светскиот диџеј Стив Аоки во патики од Сатја Грабулоски на Ф1 викендот во Лас Вегас - Патиките наско... Изминатиот викенд во Лас Вегас се одржа претпоследната трка од годинашниот Ф1 ша...

Најчитани неделава