Места низ Македонија идеални да се посетат со велосипед

Природните убавини кои ги крие нашата земја се далеку познати, но ретко кој од нас посетил поголем број од истите. Некогаш од немање време, или пак од недостаток на желба или нечувствување предизвик. А тие се толку блиску до нас, интересни и автентични!

mesta-niz-makedonija-idealni-da-se-posetat-so-velosiped-01.jpg

Токму затоа нашата редакција се реши да предложи неколку локации, кои пленат со својата убавина, а кои можат да се откриваат и со возење велосипед. На тој начин спојувате две работи, здрава физичка активност и истражување на недопрените убавини на Македонија.

Во продолжение ви презентираме само неколку дестинации кои се одлични за сите љубители на велосипедскиот туризам.

Козјак

На оддалеченост од околу 30-тина километри од Скопје, езерото Којзак е одлична дестинација за возење велосипед и претставува еден вид прибежиште од градскиот метеж. Погледот кој го нуди обзервациската точка на самиот крај од турата нема да ве остави рамнодушни.

mesta-niz-makedonija-idealni-da-se-posetat-so-velosiped-04.jpg

Мариово

На отприлика 45 км од селото Манастир и 4 и пол часа поминати во возење со велосипед, исполнети со безброј пејзажи, ќе се најдете во селото Зовиќ. Ова место е најпознато по Камениот мост или уште познат како “Филмски мост”, кој се  наоѓа во непосредна близина на селото.  Најдобар период за возење се летните месеци кога воедно ќе можете да направите една долга пауза и да се разладите во чистата вода на Градешка река.

mesta-niz-makedonija-idealni-da-se-posetat-so-velosiped-05.jpg

Матка

Доколку истовремено сте љубители на пикник и на велосипедизам, Матка е вистинското место за вас. На само 15 км од центарот на Скопје, кањонот на реката Треска претставува одлична дестинација за возење велосипед за оние кои ги преферираат пократките дистанци.

mesta-niz-makedonija-idealni-da-se-posetat-so-velosiped-06.jpg

Пред да продолжиме со пишување за следната дестинација за возење велосипед вреди  да ја поздравиме и иницијатива на банката со најдолга традиција во земјава, Стопанска банка АД - Скопје, и нејзиниот проект #ВозиОдСрце со кој се повикуваат граѓаните на почесто користење на велосипедите. Преку оваа иницијатива компанијата директно се залага за почиста и поздрава животна средина. Се што треба да имате за учество во оваа иницијатива е исправен велосипед, кацига и желба за водење на здрав живот. На www.voziodsrce.mk еднаш се регистрирате преку вашиот Strava профил и со секое следно возење почнувате да ги донирате извозените километри. А со крајот на кампањата, покрај тоа што заедно ќе извозиме илјадници километри на велосипед, Стопанска банка АД - Скопје ќе донира современа медицинска опрема за Универзитетската клиника за детски болести, оддел за кардиологија.

mesta-niz-makedonija-idealni-da-se-posetat-so-velosiped-07.jpg

Маврово

Во рамките на Мавровскиот парк постои добро развиена мрежа на патеки за велосипедизам кои нудат прекрасни пејсажи и панорами. Патеките се добро маркирани, лесни за следење и се комбинација од асфлат и земја. Возењето велосипед во Маврово е можност за уживање во културните и природините убавини на Македонија. Патот ќе ве однесе низ различни убави и автентични села, пасишта, бачила, а кога ќе бидете жедни ќе можете да се напиете свежа планинска вода од неколкуте извори долж патеките.

mesta-niz-makedonija-idealni-da-se-posetat-so-velosiped-02.png

Охридското крајбрежје

Прогласено за светско културно наследство и под заштита на УНЕСКО, охридското крајбрежје се карактеризира со богата историја, археолошки наоѓалишта, и природна убавина. Со должина од околу 30км, од самиот град па се до манастирот Св. Наум, турата по крајбрежјето на најстарото езеро во Европа може да биде многу интересна. Доколку возите во летниот период, попатно може да застанете и да се освежите со едно кратко капење или пијалок на некоја од плажите, да ја посетите праисториската населба и архелошкото наоѓалиште “Заливот на Коските”, или пак да го посетите живописното село Трпејца.

mesta-niz-makedonija-idealni-da-se-posetat-so-velosiped-03.png

Македонија, навистина е убава, а посебно кога ја откривате со велосипед!

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...

Најчитани неделава