Петто јубилејно издание на Health, Fitness & Wellness Expo!

Традиција е неделен ручек со најблиските, традиција е собиранки за прослава на убавите моменти во животот, традиција е почнување во теретана во понеделник... традиција е и Health, Fitness & Wellness Expo, кој овој септември се случува петта година по ред!

petto-jubilejno-izdanie-na-health-fitness&amp-wellness-expo-01.jpg

Четирите изминати изданија несомнено пружија применливи и корисни информации за огромен број теми за здрав начин на живот -  почнувајќи од правилна и здрава исхрана, спортување и совети од најголемите професионалци кај нас, козметика за телото па се до храна за умот. Ова издание ќе се покаже како јаготка на шлагот и едно ново ниво кога станува збор за интерактивни содржини, едукација и анимација.

petto-jubilejno-izdanie-na-health-fitness&amp-wellness-expo-02.jpg

Така, на 21ви и 22ри септември, на терените “Работнички” во Градски парк Скопје, не очекуваат голем број промотивни понуди, бесплатни тренинзи и консултации, едукативни презентации и многу изненадувања!  Настанот е конструиран така што би ги задоволил сите вкусови, па покрај останатото, на задоволство на оние покомпетитивните во рамките на настанот ќе се одржат бројни натпревари со вредни награди.

petto-jubilejno-izdanie-na-health-fitness&amp-wellness-expo-03.jpg

petto-jubilejno-izdanie-na-health-fitness&amp-wellness-expo-05.jpg

petto-jubilejno-izdanie-na-health-fitness&amp-wellness-expo-08.jpg

Организаторите веруваат дека позади секој настан, мора да стои една голема и општествено важна идеја, па така ова јубилејно издание ќе даде акцент на најмладите – новите надежни генерации кои преку стекнување здрави навики ќе го направат светот поубаво место за живеење. Токму поради тоа, во рамките на  Health, Fitness & Wellness Expo ќе постои посебен Kids Corner поддржан од Бекутан, каде најмалечките ќе бидат понесени од бескрајни игри, интересни натпревари и целодневна забава!

petto-jubilejno-izdanie-na-health-fitness&amp-wellness-expo-04.jpg

petto-jubilejno-izdanie-na-health-fitness&amp-wellness-expo-06.jpg

petto-jubilejno-izdanie-na-health-fitness&amp-wellness-expo-07.jpg

Наскоро ќе бидат објавени сите организации кои се приклучија и ќе учествуваат на овој настан, па затоа околу целосната програма, изложувачите и учесниците, следете ја официјалната Facebook фан страна и Facebook настанот.

Не заборавајте, нашето тело е единствениот дом кој навистина го поседуваме, па наша одговорност е да го одржиме во благосостојба. Затоа, се гледаме на HFWE #5!

Би можело да ве интересира:

Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Антониа Гиговска објави први фотки со синот Киан: „Ми докажа за што вреди да живееш“ „Сакавме малку моменти за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вче...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Ева Нединковска: „Чекав ред во државна институција, се најдов во небрано и жена ми ‘тутна’ 50-денарк... „Чекам на шалтер. Носам само картичка, кеш во мене немам. Забележувам дека сите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg