ОКТА и Хеленик Петролеум ќе стипендираат тројца македонски студенти за постдипломски студии на Универзитетот во Пиреја, Грција

Тројца македонски дипломци денеска во седиштето на ОКТА, потпишаа договор со кој компанијата ОКТА и Групацијата Хеленик Петролеум им доделуваат стипендии за постдипломски студии на Универзитетот во Пиреја, Грција.

okta-i-helenik-petroleum-kje-stipendiraat-trojca-makedonski-studenti-za-postdiplomski-studii-na-univerzitetot-vo-pireja-grcija-01.jpg

Двајца од нив, Ѓорѓи Калпакоски и Марио Менчовски добиваат целосна стипендија, во која покрај платените студии, вклучени се и трошоци за живот во висина од 1.000 евра месечно, додека Ангелчо Панов ќе добие делумна стипендија која што ја покрива школарината за универзитетот.

okta-i-helenik-petroleum-kje-stipendiraat-trojca-makedonski-studenti-za-postdiplomski-studii-na-univerzitetot-vo-pireja-grcija-02.jpg

Стипендиите за постдипломски студии се дел од програмата Енергија: стратегија, право и економија, којашто е единствена магистерска програма од ваков вид во Југоисточна Европа и поле каде тројцата стипендисти ќе го надградат своето знаење и експертиза. На конкурсот, кој беше објавен во мај, од земјава се пријавија 14 кандидати, а изборот на добитниците на стипендија го направи стручна комисија во рамките на Универзитетот во Пиреја врз основа на образовните и професионални квалификации на кандидатите.

okta-i-helenik-petroleum-kje-stipendiraat-trojca-makedonski-studenti-za-postdiplomski-studii-na-univerzitetot-vo-pireja-grcija-03.jpg

Со доделувањето на овие три стипендии и годинава продолжуваат проектите на ОКТА и Хеленик Петролеум за поддршка на образованието и развојот на младите луѓе во земјава.

Групацијата Хеленик Петролеум трет пат по ред доделува вкупно 25 стипендии за постдипломски студии во Грција на студенти од земјите во кои е присутна (Грција, Кипар, Црна Гора, Србија, Македонија и Бугарија). ОКТА годинава ќе поддржи уште десет студенти од земјава со доделување стипендии за постдипломски студии на пет факултети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Би можело да ве интересира:

Македонски доктори со впечатлив моден стил - Врвни професионалци кои се грижат за изгледот Иако изгледаат впечатливо во униформа, многу македонски доктори пленат и кога ќе...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...
Тамара на летување со децата во Грција – ги одведе во циркус, се возат на фотелја додека ги влече гл... Тамара Тодевска на една од фотографиите откри и дека на летување со нив е Марко ...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Елена Најдоски во Грција, Владимир Четкар на Охридско Езеро - Кои познати Македонци ја дочекаа есент... Едни во Грција, други во Турција, трети на Јадранско Море - многу познати Македо...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg