Мисијата на ОБСЕ во Скопје започна кампања против гласини што ги дискриминираат жените во општеството

Под слоганот #СекојаЕднаЕВредна, вчеравечер беше  означен почетокот на националната кампања „Гласно против гласини“. Оваа кампања, поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, има за цел да ја подигне свеста за штетното влијание од ширењето „гласини“ кои доведуваат до родови стереотипи и предрасуди за жените во нашето општество.

misijata-na-obse-vo-skopje-zapozhna-kampanja-protiv-glasini-shto-gi-diskriminiraat-zhenite-vo-opshtestvoto-01.jpg

Кампањата „Гласно против гласини“ е поттикната од потребата да се стави крај на стигматизацијата на жените во општеството врз основа на приказни и верувања полни со непроверени информации, сомнежи и невистини.

misijata-na-obse-vo-skopje-zapozhna-kampanja-protiv-glasini-shto-gi-diskriminiraat-zhenite-vo-opshtestvoto-03.jpg

На синоќешниот настан присуствуваа гости од различни сфери, поддржувачи на кампањата, како и активните учесници односно жени и девојки чии инспиративни приказни се дел од серијата активности, а официјално обраќање имаше и Амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

„Родовата еднаквост и борбата против гласините, стереотипите и предрасудите кои ги поттикнуваат и ги зајакнуваат родовите нееднаквости не се прашања кои ги засегаат само жените, туку се однесуваат на општеството како целина. Затоа ги повикувам сите мажи и момчиња целосно да се вклучат и да преземат заедничка одговорност за постигнување родова еднаквост “, истакна амбасадорот Која.

misijata-na-obse-vo-skopje-zapozhna-kampanja-protiv-glasini-shto-gi-diskriminiraat-zhenite-vo-opshtestvoto-04.jpg

На настанот беа промовирани  инспиративните приказни на жените кои претставуваат позитивен пример за справување со оваа негативна општествена појава – г-а Мартина Димоска, г-а Гзиме Фејзи, г-а Искра Донева и г-а Фатма Бајрам Аземовска. Нивната храброст и лични искуства беа прикажани преку 4 кратки видеа во кои тие ги споделија своите соочувања со гласините, но и нивните успешни начини на справување со истите и одлучноста да го реализираат својот интелектуален потенцијал.

misijata-na-obse-vo-skopje-zapozhna-kampanja-protiv-glasini-shto-gi-diskriminiraat-zhenite-vo-opshtestvoto-02.jpg

Кампањата, која ја спроведува маркетинг агенцијата Футура 2/2, продолжува со различни активности кои ќе бидат реализирани на национално ниво и ќе опфатат различни канали на комуникација: социјални и дигитални медиуми, настани и дебати од јавен карактер, сè со цел да се допре до засегнатите страни и едукативно да се влијае врз директните учесници во ваквата негативна општествена појава.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...

Најчитани неделава