Од денес онлајн регистрирање на мобилното банкарство на Охридска банка без посета на експозитура како дел од новите и подобрени функционалности

Охридска банка денес објави нови и подобрени функционалности на апликацијата за мобилно банкарство – Моја Банка, за побрзо и поедноставно управување со личните финансии. Од денес, клиентите на Банката ќе можат да направат онлајн регистрација на апликацијата без да посетат експозитура со што ќе имаат пристап до нивните сметки, како и онлајн аплицирање и добивање на нови кодови за активација на апликацијата, без посета на експозитура. Овие нови функционалности се дел од четвртата надградба која ја доби апликцијата за мобилно банкарство – Моја Банка на Охридска банка Сосиете Женерал.

od-denes-onlajn-registriranje-na-mobilnoto-bankarstvo-na-ohridska-banka-bez-poseta-na-ekspozitura-kako-del-od-novite-i-podobreni-funkcionalnosti-01.jpg

Со оваа новина во апликацијата Моја Банка, клиентите добија подобрено корисничко искуство со тоа што им се овозможија скратени чекори во аплицирањето за услугата мобилно банкарство, како и добивање на нови кодови за регистрација. Развојниот тим на Охридска банка работејќи на овие две нови функционалности на апликацијата, им овозможи на клиентите кои не користеле мобилно банкарство, да можат да ја спуштат апликацијата од Google Play или Apple Store и да направат онлајн регистрација со што ќе добијат пристап до нивните сметки, кредити, картички, депозити, локатор на банкомати и трговци, а исто така ќе добиваат и „push“ нотификации по извршена трансакција, без да посетат експозитура. Исто така, доколку одреден клиент ја инсталира апликацијата на нов уред ќе може да добие кодови за онлајн регистрација наместо да мора да го достави барањето за кодови физички во некоја од експозитурите на Банката.

Четвртата надградба на апликацијата овозможува оптимизирано корисничко искуство и го прави управувањето со личните финансии подостапно од кога било. За користење на апликацијата со сите кориснички привилегии, ќе биде потребно клиентот да посети експозитура на Банката лично и да аплицира за оваа услуга со што ќе добие можност да врши трансакции преку апликацијата, да креира шаблони за инстант плаќања, да менаџира дневен лимит на платежни картички и банкомати, како и пристап до многу други поволности.

Охридска банка континуирано вложува напори да обезбеди најдобро корисничко искуство во своите банкарски услуги. Претходно, оваа година, Банката ја публикуваше и третата надградба на апликацијата Моја Банка со која клиентите добија привилегија да менуваат дневни лимити на картички во самата апликација, локатор на трговци каде што можат да платат на рати и „push“ нотификации по остварени трансакции.

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...

Најчитани неделава