„Секој момент е важен“ – „Божиновски часовници и накит“ со поддршка на месецот за борба против ракот на дојка

По пример на светските луксузни брендови и „Божиновски часовници и накит“ се приклучи во кампањата за подигнување на свесноста за ракот на дојката, преку брендирање на своите излози. Од компанијата велат дека на овој начин сакаат да направат дополнителен импакт за потребата од редовни контроли кои како превенција треба да ги направат жените.

sekoj-moment-e-vazhen-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-so-poddrshka-na-mesecot-za-borba-protiv-rakot-na-dojka-01.jpg

„Единствено подобро од креативноста сама по себе е креативноста со некоја поголема цел. Преку брендирањето на нашите излози се обидовме часовникот кој во принцип на нашите клиенти го нудиме како моден детал и статусен симбол, овој пат да го ставиме во функција на потсетник, кој под слоганот „Секој момент е важен“ има за цел да ги потсети жените за важноста од редовните превентивни прегледи во заедничката борба против ракот на дојката“, велат од „Божиновски часовници и накит“.

sekoj-moment-e-vazhen-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-so-poddrshka-na-mesecot-za-borba-protiv-rakot-na-dojka-02.jpg

Тие нагласуваат дека од особена важност им е нивниот излог да биде двонасочен и секогаш се трудат покрај класичното изложување на најновите колекции на часовници и накит, да пренесува и соодветни општествено одговорни пораки, а не само да привлекува погледи.

sekoj-moment-e-vazhen-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-so-poddrshka-na-mesecot-za-borba-protiv-rakot-na-dojka-05.jpg

Покрај брендирањето на излозите од продажните салони на компанијата секој ден по два часа, од 10:00 до 11:00ч претпладне и 17:00 до 18:00ч попладне до крајот на месецот ги означи како Розови моменти. Дел од средствата од сите продадени производи во тој временски период ќе бидат донирани на здружението за борба против рак на дојката „Борка“ за набавување на перики за жени на кои што им се потребни а се од социјално загрозени семејства.

Овој заеднички проект на Божиновски часовници и накит и Борка не завршува тука. Тие ни најавија уште изненадувања во месец ноември.

sekoj-moment-e-vazhen-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-so-poddrshka-na-mesecot-za-borba-protiv-rakot-na-dojka-06.jpg

sekoj-moment-e-vazhen-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-so-poddrshka-na-mesecot-za-borba-protiv-rakot-na-dojka-07.jpg

sekoj-moment-e-vazhen-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-so-poddrshka-na-mesecot-za-borba-protiv-rakot-na-dojka-08.jpg

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...

Најчитани неделава