Игор Поповски (Црнобело Медиа) добитник на признанието „40 under 40”

На 23.10.2019, во центарот на Амстердам во историската Huis Bartolotti беа промовирани и им беа доделени статуетки на 40-те млади бизнис лидери под 40 години од десет земји од Југоисточна Европа.

igor-popovski-crnobelo-media-dobitnik-na-priznanieto-40-under-40-01.jpg

Меѓу 40-те најуспешни и најамбициозни млади бизнис лидери е и Игор Поповски, основач и извршен директор на Црнобело Медиа.

igor-popovski-crnobelo-media-dobitnik-na-priznanieto-40-under-40-02.jpg

Домаќин на церемонијата беше популарната Monique van Dusseldorp, а свој говор имаше и регионалниот директор за Југоисточна Европа, д-р Виктор Ѓорѓиески кој на наградените им порача:

„Сите ние имаме мисија. Мојата мисија после завршувањето на студиите беше да ги имплементирам најдобрите капиталистички практики од Западот во мојот регион и да го вложам целосниот мој капацитет и знаење да му помогнам на нашиот бизнис сектор да расте и да фати чекор со поразвиениот свет. Ја креиравме оваа престижна програма со цел на едно место да ги вмрежиме тие кои се под 40 години, ги инспирираат другите и со своите успеси веќе му враќаат назад на општеството. И гледајќи од оваа говорница према вас, можам слободно да кажам, успеавме!“

Ексклузивната “40 under 40” награда претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за млади бизнис лидери и честопати е првиот поттик на многу успешни светски познати личности. 

Пред одржувањето на Гала вечерата, наградените учевствуваа на Самитот во организација на Business Elite Awards на кој главни предавачи беа двајца многу успешни бизнисмени од Лондон, Daniel Hulme и Adrian Enache, а свој говор имаше и Melanie ter Meulen, претставник на Канадската влада во Холандија.

Би можело да ве интересира:

Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава