Зошто секој дом во Македонија има потреба од прочистувач на воздух?

Се приближуваме до грејната сезона и актуелниот зимски проблем – загадениот воздух.

zosto-sekoj-dom-vo-makedonija-ima-potreba-od-procistuvac-na-vozduh-01.jpg

Во светот во кој живееме, при самото излегување од дома сме изложени на штетни гасови од сообраќајот и индустријата, на полен и прашина.

Но, истражувањата покажуваат дека тие честички толку многу се акумулираат и задржуваат во домот, што честопати воздухот во затворен простор е 2 до 5 пати позагаден од надвор.

Здравствени проблеми предизвикани од лош квалитет на воздухот

Шансите да го загрозите сопственото здравје со лошиот квалитет на воздухот може да бидат сериозно високи.

zosto-sekoj-dom-vo-makedonija-ima-potreba-od-procistuvac-na-vozduh-02.jpg

Најчести симптоми кои се појавуваат при дишењето на неквалитетен воздух се слични на обичната настинка:

- Затнат нос

- Кашлица

- Главоболка

- Вртоглавица

- Малаксаност

- Насолзени очи

Долгорочното изложување на неквалитетен воздух може да има многу посериозни последици, како што се:

- Болести на дишните патишта

- Срцеви заболувања

- Рак

Па, како да го подобрите квалитетот на воздухот во затворените простории, каде всушност единствено може да го контролирате?

Прочистувачите на воздухот се уреди дизајнирани со серија висококвалитетни филтери, за прочистување на воздухот без никакво дополнително проветрување.

Додека воздухот поминува низ филтрите, сите честички се задржуваат за нив, наместо за вашите бели дробови и дишни патишта.

zosto-sekoj-dom-vo-makedonija-ima-potreba-od-procistuvac-na-vozduh--3.jpg

Примарните филтри низ кои поминува воздухот се наменети за задржување на поголеми честички прашина.

ХЕПА филтерот е високоефикасен филтер кој на себе ги задржува 99,97% од честичките со големина од околу 0,3 микрони. Честичките кои се задржуваат на овој филтер се од чад, вируси, бактерии, всушност сите оние кои ги предизвикуваат најсериозните оштетувања на белите дробови.

Филтрите со активен јаглен на себе ги задржуваат честичките од чад и кујнски испарувања.

Специфичниот филтер е оној кој има намена за финалното, фино прочистување на воздухот, односно за отстранување на токсините и непријатните мириси во просторијата.

Како и зошто секој дом во Македонија треба да си обезбеди прочистувач?

Бидејќи во зима, загаденоста на воздухот достигнува рекордно висока бројка.

Бидејќи прочистувачите сега се лесно достапни, на рати, со попуст, во Нептун салоните ширум Македонија.

Бидејќи изборот е многу голем, се вклопува во потребите на секое семејство и може детално да го разгледате ТУКА. Во Нептун продавниците ширум Македонија, може да најдете најголем избор на апарати за квалитет на воздух: прочистувачи, навлажнувачи и одвалжнувачи од најдобрите брендови по супер цени со големи попусти. Погледнете го летокот со акциските производи на овој ЛИНК.

zosto-sekoj-dom-vo-makedonija-ima-potreba-od-procistuvac-na-vozduh--4.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg