Пакомак и Шпаркасе банка со донација за победникот на конкурсот за НАЈ Еко градоначалник

Општина Прилеп постави пример за тоа како треба да се одржува чиста и здрава животна средина.

pakomak-i-shparkase-banka-so-donacija-za-pobednikot-na-konkursot-naj-eko-gradonachalnik-01.jpg

На прилепскиот градоначалник Илија Јовановски му беше врачена наградата за НАЈ Еко градоначалник за 2018 година, а неговата општина доби донација од Пакомак и Шпаркасе банка во форма на детско игралиште, кое денеска (28.11.2019) и официјално беше пуштено во употреба.

Претставници на двете фирми беа присутни на церемонијата на доделување на наградата, заедно со градоначалникот на Прилеп и претставници од општината која беше препозната како најеколошка во текот на 2018 година.

pakomak-i-shparkase-banka-so-donacija-za-pobednikot-na-konkursot-naj-eko-gradonachalnik-02.jpg

Грижата за околината е задача на поединецот, но само кога група поединци работат во заедничка цел може да се очекува дека работите навистина ќе вродат со плод. Општина Прилеп и нејзиниот градоначалник се победници на конкурсот за НАЈ Еко градоначалник за 2018 година, која ја заслужија со придонес во селективното собирање отпад, овозможување на собирање стакло преку HoReCa сегментот, бројни инвестиции за зазеленување на големи површини и слично.

pakomak-i-shparkase-banka-so-donacija-za-pobednikot-na-konkursot-naj-eko-gradonachalnik-03.jpg

На отворањето на новото игралиште присуствуваа генералниот извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија, Глигор Бишев, и менаџерот за грижа на корисници од Пакомак, Ико Брдароски. Двајцата официјално  ја пуштија во употреба донацијата и му ја доделија наградата на градоначалникот Илија Јованоски.

pakomak-i-shparkase-banka-so-donacija-za-pobednikot-na-konkursot-naj-eko-gradonachalnik-04.jpg

Иако донациите се од општа корист и интерес за сите луѓе, сепак најголемата придобивка од грижата за околината е резултатот од овој процес – здрава и одржлива животна средина и намалување на необновливиот отпад. Позитивните промени во начинот на работа  на општините ширум земјата даваат надеж дека еколошката свест кај луѓето расте, а благодарение на Пакомак и Шпаркасе Банка, тоа не поминува без награда.

Би можело да ве интересира:

Прилеп се претвори во празнична бајка – светлечкa панделкa, кочиja и елка (видео) Осветлувањето на плоштадот во Скопје се очекува денес, а во меѓувреме и Прилеп б...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
„Го најдов рајот“ – Илариа Кирилов во Тајланд, позира во танга бикини и потопена во кал со слон Кумановката Илариа Кирилов воодушевена од слоновите, позира додека ги гали и пре...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава