Списание кое ги истакнува балканските креатори се лансира онлајн

На 3-ти декември беше официјалното лансирање на списанието Brand of People (Бренд на Луѓе), самостоен дигитален простор посветен на креативци, креатори и создавачи на култура.

spisanie-koe-gi-istaknuva-balkanskite-kreatori-se-lansira-onlajn-01 (2).jpg

Списанието ги бележи идеите, брендовите и луѓето – големите имиња како и оние не толку изложените – кои прават културата да цвета. Одбраната содржина се фокусира на подлабоки интервјуа како и практични совети и увиди.

Публикацијата се базира на верувањето дека уметноста и креативните уметности се круцијални за носење на значајна промена во светот, и дека со споредување белешки со умови кои информираат позитивно за духот на епохата, ние сме овластени да изградиме заедничка, вклучувачка култура која ги надминува интернационалните граници и идеологии.

spisanie-koe-gi-istaknuva-balkanskite-kreatori-se-lansira-onlajn-02.jpg

Основач и уредник на Brand of People е Џулија Волерс, писателка и дизајнерка која ги поминала раните години во Скопје, Северна Македонија. Таа завршила средно образование во средното училиште НОВА во 2006-та и се вратила во Скопје во 2011-та кога нејзиниот татко, Пол Волерс, бил назначен за амбасадор на САД во земјата од 2011 - 2014 г.

spisanie-koe-gi-istaknuva-balkanskite-kreatori-se-lansira-onlajn-05.jpg

За тоа време додека била во регионот, г-ѓица Волерс била воодушевена од креативната моќ на локалните артисти, дизајнери, режисери, музичари, претприемачи и општински организатори – многу од кои не се толку светски познати колку што би требало да бидат врз база на нивниот талент, страст и знаење. Преку списанието Brand of People, г-ѓица Волерс планира да ја развие работата на овие индивидуи со тоа што ќе посветува редовен простор за нивните зборови и достигнувања.

На пример, лансирањето на веб страната вклучува долго интервју со модниот фотограф Горан Поповски,  а други дела со локални креативци се во изработка.

spisanie-koe-gi-istaknuva-balkanskite-kreatori-se-lansira-onlajn-03.jpg

Г-ѓица Волерс има завршено магистерски студии по Визуелен дизајн при Scuola Politecnica di Design во Милано, Италија, и двојни дипломски студии по Англиска композиција и француски јазик при Covenant College во државата Џорџија, САД. Неодамна таа беше виш едитор на мода и препораки за серија списанија за долна облека, костими за капење и облека за одморалиште во Милано. Нејзината работа е претставена во дневникот The Foreign Service Journal, списанието Glamour, списанието Sweet 16, списанието Human Parts, Berlin Art Parasites, списанието Entropy, MTV Style и други.

„Има искреност и човечност која е вродена во приказите на креативност, и Brand of People се обидува да го прослави тоа и да го сподели со нашето раководство,“ вели г-ѓица Волерс. „Културата се движи, не е фиксна, и влијае врз сè, од политика до мода до социјални интеракции. Би сакала да им помогнам на креативците да изградат нов вид на култура, култура која ќе промовира љубопитност, отворен дијалог и која ќе учи на конструктивни ритуали.“

spisanie-koe-gi-istaknuva-balkanskite-kreatori-se-lansira-onlajn-04.jpg

„Се вљубив во Северна Македонија и во целиот Балкан кога живеев таму, но најинспирирачки ми беа луѓето кои ме научија како да бидам храбра како креатор. Пробувам да ја насочам таа енергија и храброст во мојата работа, и се надевам дека ова списание ќе овозможи значителна изложеност за културните протагонисти низ целиот свет, но посебно за тие од источниот европски регион кои се одговорни за моќни креативни дела.“

За да дознаете повеќе, посетете го списанието на brandofpeoplemagazine.com или заследете го профилот на Инстаграм, Фејсбук или Твитер.

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...

Најчитани неделава