Trash for Art 2019 - Пакомак го отвори конкурсот „Создавај уметност, а не ѓубре“

Уметноста може да се создаде било каде, било како и од било што, доколку оставите креативноста да ги направи првите чекори.

trash-for-art-pakomak-go-otvori-konkursot-sozdavaj-umetnost-ne-gjubre-01_630x340 (1).jpg

Пакомак ве повикува да го направите токму тоа: преку мотото „Создавај уметност, а не ѓубре“, компанијата за справување со амбалажен отпад го отвора конкурсот „Trash for Art 2019“, на кој најдобрите уметнички дела создадени од отпад ќе бидат наградени со паричен надомест.

Наградниот конкурс е отворен сите – возрасни и деца, а приложените дела ќе се натпреваруваат во три категории: 1) градинки, 2) основни училишта, 3) поединци и други организации. За секоја од категориите предвидени се по три парични награди – за прво (30.000 денари), второ (20.000 денари) и за трето место (10.000 денари).

За да учествуваат во конкурсот, пријавените дела е потребно да бидат изработени од минимум 10 парчиња амбалажен отпад од ист или од различен тип на амбалажа, а да не бидат повисоки од 150 см. Под амбалажен отпад се подразбираат: лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, ќеси од чипс, обвивки и слично. Еден учесник може да пријави и повеќе од едно дело, но не може да освои повеќе од една награда.

Учеството на конкурсот се пријавува на денот на поднесување на делото и не е потребна претходна апликација за апликантот да влезе во изборот. Меѓутоа, од Пакомак повикуваат на почитување на роковите за пријавување. Делата треба да бидат доставени на 14 и 15 декември, од 12 до 19 часот, како и на 16 декември, од 12 до 14 часот во Кинотека на Северна Македонија.

Наградените дела ќе бидат објавени на веб-страницата на Пакомак на 16 декември и истите ќе останат во сопственост на компанијата. Недобитните дела ќе може да се подигнат на 17 и 18 декември, од 14 до 19 часот.

„Сакаме да ги поттикнеме учесниците дека со волја, вештина и сосема малку или без воопшто вложени финансиски средства може да креираат нешто конкретно, функционално и убаво, а притоа да освојат вредни награди и да го добијат статусот на еколошки-ангажиран уметник“, вели Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

trash-for-art-pakomak-go-otvori-konkursot-sozdavaj-umetnost-ne-gjubre-01.jpg

Пакомак очекува голем број на пријавени дела, но истовремено се надева дека со организирањето на овој конкурс ќе успее да го подигне нивото на свест околу рециклирањето и подоброто управување со амбалажен отпад.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Летното сметање на времето почнува викендов - Во недела ќе спиеме еден час помалку Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава