„Информирај се паметно“ – едукативна кампања со информации за пензискиот систем

Правилното и навремено информирање на сегашните, но и идните пензиски осигуреници за функционирањето на пензискиот систем и работењето на пензиските фондови е главниот фокус на информативно-едукативната кампања „Информирај се паметно“ што ја спроведуваат трите пензиски друштва Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје во соработка со Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

informiraj-se-pametno-edukativna-kampanja-so-informacii-za-penziskiot-sistem-01.jpg

Кампањата, која официјално почнува од денеска, има за цел да го подигне нивото на информираност кај граѓаните за функционирањето на реформираниот пензиски систем и работата на трите пензиските друштва, но и да ги разјасни евентуалните дилеми на граѓаните поврзани со пензискиот систем. Притоа, акцентот на оваа кампања се става на едуцирањето на младите кои се пред влез во задолжителното социјално осигурување веднаш по своето прво вработување.

Според законската регулатива, oсигурениците кои првпат пристапуваат во задолжително пензиско и инвалидско осигурување по 1 јануари 2019 година и на датумот на пристапувањето се помлади од 40 години, должни се да се зачленат и да плаќаат придонеси во задолжителен пензиски фонд (втор столб) по сопствен избор.

Кај овие нововработени, кои ќе бидат членовите на задолжителниот пензиски фонд (вториот столб) од вкупно 18,4% од придонесот за пензиско осигурување од бруто-платата, 12,4% се уплатуваат во Фондот за ПИОСМ, а 6% се уплатуваат во задолжителниот пензиски фонд од вториот столб, на индивидуалната пензиска сметка на осигуреникот. Тие и сите други граѓани го имаат на располагање и третиот столб,  доброволното пензиско осигурување, каде средствата може да се уплатуваат индивидуално или пак ги уплатува работодавецот на пензиската сметка на членот, со цел да се акумулира дополнителна пензија.

Сите информации поврзани со функционирањето на пензискиот систем, членството во пензиските фондови и со остварените резултати на пензиските друштва може да се најдат на интернет-страницата www.penzija.mk.

Извор на податоци и Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.  

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава