Најкрцкавото пилешко на KFC отсега и во Гази Баба

Најпознатиот ланец на ресторани, KFC, денес официјално го отвори својот втор “drive thru” ресторан во Скопје и петти ресторан во Македонија. Отсега највкусното пилешко можете да го најдете и во скопската населба Гази Баба, во склоп на бензинската станица на ОКТА, во близина на хотелот Континентал.

najkrckavoto-pileshko-na-kfc-otsega-i-vo-gazi-baba-02.jpg

Уште од првиот ден, новиот KFC се исполни со верните потрошувачи, а препознатливата арома на крцкаво и сочно пилешко ги израдува сите.

Ресторанот е на одлична локација и ќе им овозможи на сите кои се во брзање, да го купат својот омилен оброк и без да излегуваат од својот автомобил, или, пак, да уживаат во вкусните специјалитети од пилешко во автентичен и иновативен ентериер добро познат за сите KFC ресторани во светот.

najkrckavoto-pileshko-na-kfc-otsega-i-vo-gazi-baba-03.jpg

По повод отворањето на ресторанот, генералниот менаџер на KFC во Македонија, Дане Тодоровски изјави:

„Политиката на KFC е секогаш да понуди производи со врвен квалитет и да биде поблиску до своите купувачи. Затоа, од исклучително значење е отворањето на петтиот ресторан да биде на лесно достапна локација за сите кои живеат или доаѓаат во Скопје. Од тука можеме да ветиме дека во новата 2020 година, KFC ќе ја израдува македонската јавност и со ресторани во другите градови и многу нови изненадувања.“

najkrckavoto-pileshko-na-kfc-otsega-i-vo-gazi-baba-04.jpg

Маркетинг менаџерката Жаклина Герасимовска, пак вели дека:

 „Особено радува фактот што веќе е отворен петтиот ресторан на KFC во Македонија и втор “drive thru” за многу краток период. Нашиот пристап да сме секогаш поврзани со нашите потрошувачи и да градиме пријателства кои траат, се покажа како рецепт за успех и во Македонија. И понатаму продолжуваме со добро познатиот квалитет и препознатливост на нашите производи за да се доближиме до секој еден љубител на квалитетна храна и добра забава.“

KFC има свои ресторани и во City Mall, Ramstore Mall, Point Retail Park и Palma Mall.

najkrckavoto-pileshko-na-kfc-otsega-i-vo-gazi-baba-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
„Баба е!“ – изјава што предизвика жестока кавга меѓу Маја Поцевска и Златко Андовски Во последната епизода на емисијата Нешто конкретно, разговорот на тема убав...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава