Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Игор Трпковски: Постојаното инвестирање во луѓето и во знаењето ја прави најзначајната разлика помеѓу просечноста и извонредноста, помеѓу неуспехот и успехот

igor-trpkovski-posotjanoto-investiranje-vo-lugjeto-i-znaenjeto-ja-pravi-najznachajanta-razlika-01.jpg

„Ние, во Sport Vision, веруваме дека компетенциите на човечкиот капитал базирани на знаење се едни од најважните предности за конкурентен развој. Затоа, постојаното инвестирање во луѓето и во нивното знаење ќе ја направи најголемата разлика помеѓу просечноста и извонредноста, помеѓу неуспехот и успехот.“, вели Игор Трпковски, генерален директор на Sport Vision во Македонија.

Делувањето на Sport Vision е многу повеќе од продажба на спортска опрема. Компанијата се обидува да ги инспирира и мотивира вработените постојано да работат на себе и да се подобруваат секојдневно. Менаџментот е потполно свесен за човечкиот потенцијал со кој располага и преку фокусот и вниманието кон своите вработени, им овозможува постојано да се надградуваат, а притоа работејќи како екипа да ја надградуваат и развиваат компанијата.

За да ги запознеме методите преку кој Трпковски го поттикнува успехот, разговаравме со него на неколку прашања.

Што е тоа што Ве прави уникатни и успешни во Вашата работа и како компанија и како менаџер?

- Можеби е малку пренагласено да кажеме уникатни, би рекол дека сме повеќе атипични во пристапот. Сè почна од визијата за позитивно да влијаеме, да понудиме избор и да го промениме начинот на кој што живееме на подобро, како за себе така и за заедницата воопшто. Нашите вработени ги препознаваат овие вредности, ги подржуваат и се поистоветуваат со нив.

Лично, се обидувам да ја воочам искрата на индивидуалност кај секој поединец која може позитивно да се пренесе врз целата екипа. Во нивната индивидуалност лежи нашата посебност, затоа што на крајот од денот, нашите вработени и нивното задоволство (или незадоволство) се совршената претстава за нашата компанија.

Успехот на Спорт Висион, кој секако го доживувам и како личен успех, се должи на несебичното залагање на секој наш вработен. После 7 години на пазарот во Македонија, свесни сме дека година по година изградивме силен бренд со изразен визуелен идентитет за сите наши концепти и се поврзавме со вработените, но и со потрошувачите, на вистински начин. Би нагласил дека е прекрасно чувството да се биде дел од оваа приказна втемелена на здрави принципи и вистински вредности.

Која е основната улога на еден лидер според Вас?

- Во корпоративниот свет, лидерот првенствено треба да создаде позитивно работно опкружување. Потоа да води преку пример... некој тоа убаво го опишал со изразот “to walk the talk”.

Сметам дека главната улога на секој лидер е посветеноста кон вработените во контекст на балансирање во исполнувањето на стратешките компаниски цели преку поттикнување и охрабрување на луѓето да го достигнат сопствениот максимален потенцијал. Верувам дека повеќето сме слушнале за познатата изјава на Ричард Бренсон (Virgine) кога вели “погрижете се за вашите вработени, а тие ќе се погрижат за вашите клиенти”.

Кои се резултатите на ваквиот начин на работа?

- Преку трудот на мојот тим и на моите вработени имаме можност да раскажеме моќни приказни за нашите брендови како и да создадеме уникатно искуство за повеќе луѓе на многу личен, персонален начин. Потрошувачите сакаат свежина, иновации и повеќе возбуда, и го сакаат тоа веднаш. Имајќи го тоа предвид, ние носиме повеќе иновации, а ќе продолжиме да испорачуваме и силни потрошувачки концепти на пазарот. Ова ни е навистина важно бидејќи ритејлерите кои не се диференцираат и се однесуваат медиокритетски нема долго да опстојат. Денес, со дигитализацијата и неограничената дистрибуција едноставно мора да се понуди ефикасна и иновативна услуга за потрошувачите која ќе го збогати нивното искуство и ќе ги надмине нивните очекувања.

Се уверивме дека доколку се однесуваме со почит кон нашите потрошувачи тие тоа го препознаваат, ни даваат соодветен фидбек преку кој дознаваме дека ја оправдуваме нивната доверба. Нашата заедница потрошувачи “органски” расте од сите оние кои тежнеат кон поздрав и активен животен стил, што природно ги “држи” блиску до вредностите што ние ги промовираме и поддржуваме. Пример за тоа е секој град во Македонија, каде по улиците, парковите и кејовите секојдневно може да видите луѓе кои трчаат и вежбаат.

Sport Vision е на пресвртница, расте и се менува затоа што може да ги согледа перспективите за малопродажните ланци кои се детерминирани да стигнат до своите потрошувачи со иновации и постојано унапредување.   

Имате ли омилени мотивирачки слогани и дали истите ги применувате во Вашата работа?

Секако, за да не изгубат на автентичност при преводот, еве ги како што ги помнам:

Simplify.

Whether you think you can, or think you can’t you’re both right.

Work hard in silence, let success make the noise.

И, да... ги применувам постојано, и се надевам дека при читањето на овој разговор ќе инспирираат некого и ќе му помогнат во сопствениот развој и успех без оглед на кое поле, затоа што јас ги доживувам како пораки кои пренесуваат универзални вредности.

Би можело да ве интересира:

Денис, соработник на ДНК: „Ах бе, браќа мои, срцето ми се корне - корупцијата ми ја зема фамилијата“ „Срцето ми се корне, душа не остана. Андрејчо мој, постар брат, татко. Никогаш н...
Димитар Атанасовски по 15 години си замина од Сити радио: „Секоја приказна има крај“ „Скоро цел ден правам пиши бриши на описов, ама многу емоции собрани во 15 годин...
Златко Јовановски предизвика измешани реакции: „Не е секој создаден за родител, но би сакал да имам ... „Јас денес да имам дете, тоа дете мене би ми било пречка во остварувањето на мој...
Симона Попоска со трогателна објава за Андреј од ДНК: „Постојат луѓе кои оставаат трага, таков беше ... „Се разбиравме на посебен начин - бевме двајца емотивци кои ги боли кога гледаат...
Ивана Кнез: „Мудрував како да се ослабе, а си го колабирав организмот до фаза на клиничка смрт“ „Не 'ждери', не јади затоа што те изневерува партнерот, зашто не ти оди на работ...
Мартин од „Некст тајм“ ќе стане татко, објави фотки од трудничкото стомаче на сопругата Мартин сподели неколку фотографии со сопругата - додека ја бакнува во челото и ф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg