Христо Ковачи е најмладиот македонец кој освојува картинг трофеи на Балканот

Ковачи рејсинг тим завршува со успешна 2019 година на најмладиот Македонец во картинг, Христо Ковачи.

hristo-kovachi-e-najmladiot-makedonec-koj-osvojuva-kartin-trofei-na-balkanot-01.jpg

Тој е вицешампион во Македонија и трето место во генералниот пласман во Бугарскиот шампионат, како и второ место предфинално на балканскиот куп во Бугарија. 

„Имав успешна година зад себе, најубаво и најинтересно ми е на стартот, кога се обидувам сите да ги поминам, тоа ми е најголемиот предизвик. Но, во трките има и незгоди, се сеќавам во Бугарија, првпат се натпреварував, се извртев, па од четврто дојдов на последно место, но не застанав, туку си дадов сила и пак се вратив на четврто место каде што бев на почетокот“ вели младиот Христо.

hristo-kovachi-e-najmladiot-makedonec-koj-osvojuva-kartin-trofei-na-balkanot-06.jpg

Тој неуморно тренира по 9 часа во Грција каде е дел од Академијата во Солун, професионално се обучува правилно да вози, има тим кој е составен од тренери и механичари. Ковачи на соодветните патеки вози со 90км/ч, влегува во кривините со просечни брзини до 80 км/ч, а тоа е апсолутно безбедно за него. Напоредно тренира кошарка и пливање преку кои го вежба целото тело за да може да биде издржлив и да има сила за натпреварите со картингот.   

„Картингот бара да си психо-физички подготвен. Минатата година комплетно влеговме со цело срце за Христо во тој спорт, но верувајте дека ова е многу скап спорт. Ние како родители се обидуваме да дадеме се од себе, но секоја поддршка од компанија или од државата ќе ни биде добредојдена, убаво е да се инвестира во иднината на младите и на земјата“ истакнува Аргир Ковачи, таткото на Христо.

hristo-kovachi-e-najmladiot-makedonec-koj-osvojuva-kartin-trofei-na-balkanot-08.jpg

Приказната на Христо Ковачи започнува од едно неформално дружење и рекреативно возење во арт картинг центарот во Скопје. Од тој момент во малиот Христо се родила желбата и се разбуди радост да вози колку што може повеќе. Така од желба и восхит кон овој тип на спорт кај Христо пораснала амбиција да земе учество во картинг трките. При секој разговор ќе дознаете дека целта и желбата на ова дете е да биде Шампион и да ги освојува победнички сите предизвици.

„Ништо од ова не би било реализирано доколку не постоеше желба, мотив за успех и победа, издржливост и љубов кон овој спорт“ гордо додава неговиот татко, кој воедно е и најголемата поддршка во постигнувањето на сите успеси.

hristo-kovachi-e-najmladiot-makedonec-koj-osvojuva-kartin-trofei-na-balkanot-02.jpg

Неговата мајка, Марија вели дека:

„Како и во секој спорт така и во овој, резултатите не се единствена добивка која ја има едно дете. Туку преку тренинзите и картинг трките се запознаваат деца од различни култури, се учат да си ги почитуваат разликите а да ги вплотат сличностите дружејќи се како едно големо семејство”.

Децата кои се занимаваат со овој спорт секојдневно учат како да се носат и справат со поразите но и како да се однесуваат со победите. Поради тренинзите и напорната агенда која ја имаат додека тренираат, се учат на дисциплина и развиваат контрола на емоциите.

hristo-kovachi-e-najmladiot-makedonec-koj-osvojuva-kartin-trofei-na-balkanot-03.jpg

hristo-kovachi-e-najmladiot-makedonec-koj-osvojuva-kartin-trofei-na-balkanot-04.jpg

hristo-kovachi-e-najmladiot-makedonec-koj-osvojuva-kartin-trofei-na-balkanot-05.jpg

hristo-kovachi-e-najmladiot-makedonec-koj-osvojuva-kartin-trofei-na-balkanot-07.jpg

hristo-kovachi-e-najmladiot-makedonec-koj-osvojuva-kartin-trofei-na-balkanot-09.jpg

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Скопјанец за случка во наше кафуле: „Дрска госпоѓа ми го расипа денот - каде бил келнерот, го чекала... „Само што седнаа две госпоѓи во скопско кафуле немаше ни минута, кога едната му ...
Македонец тргна да трча од Соборен храм до Острог цели 600km за да собере пари за болни дечиња: „Ќе ... „Овој пат не трчам за себе. Трчам за сите деца кои се будат во болнички соби, не...
Македонец со емотивна исповед: „Имав 126kg и пиев за да заборавам кој сум... сега сум татко и трчам ... „Таско раскажуваше како престанал да пие. Ерко за неговата ќерка со леукемија. М...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...

Најчитани неделава