Истражување: Кои се новите потрошувачки трендови?

Денес потрошувачот е многу повеќе инволвиран во процесот на купување него било кога порано. Тој е едуциран, скептичен и бесрамно коментира! Настрана од тоа, тој ги одбира производите кои се фокусирани на превентивното здравје, практичноста, и секако, квалитетот.  Сето тоа наметнува прехранбената индустрија да се соочи со нови предизвици кога е во прашање задоволувањето на барањата на современите потрошувачи.

istrazuvanje-koi-se-novite-potrosuvacki-trendovi-1.jpg

Истражување на трендовите на пазарот, спроведено од Euromonitor International, укажува дека навистина постојат драстични промени во односот и барањата на потрошувачите. Според анализите, за разлика од минатото, потребите на денешниот потрошувач се далеку поконкретни и поспецифични.

Анализите покажуваат дека во последните неколку години значително е зголемена побарувачката за сирова храна во нејзината најмалку обработена состојба, како и на намирници од растително потекло и производи без лактоза, од етички и социјално одговорни компании, со висок квалитет, дури и тоа да значи дека ќе купат помалку производи за истата цена. Потрошувачите полека ги преземаат работите во свои раце и се решаваат да вложат повеќе со цел да имаат поголема придобивка од она што го купуваат, со што инвестираат во себе и во својот добробит.

istrazuvanje-koi-se-novite-potrosuvacki-trendovi-2.jpg

Статистиката покажува дека 28% од потрошувачите се чувствуваат добро кога купуваат еколошки или етички производи, а 39% од потрошувачите претпочитаат да купуваат помалку производи, но со повисок квалитет.  

Целата прехранбена индустрија се наоѓа среде мала, но значајна револуција. Во скоро сите сегменти се менуваат начините на производство, понудата, па дури и состојките, согласно со барањата на пазарот. Посебно зголемена е популарноста на сировите производи, кои стануваат посакувана и здрава алтернатива за милиони луѓе низ светот.

На домашниот пазар, еден од најбудните и најиновативните производители е Виталиа, компанија која ги следи светските трендови со цел да понуди што подобри производи за своите потрошувачи. Од неодамна, низ маркетите ширум земјата можете да ги најдете Виталиа сировите барови на база на овошје и зеленчук кои се минимално термички преработени, при што се задржани нивните примарни ензими и микронутритиенти. Бидејќи станува збор за сирови производи, основните состојки се суво овошје, зеленчук и интегрални житарки, карактеризирајќи ги со сладок вкус без додаден шеќер.

Според тоа, во чекор со светските трендови и динамичниот животен стил на модерниот потрошувач, сировите барови од Виталиа се идеалниот избор за секоја индивидуа од новиот милениум.

istrazuvanje-koi-se-novite-potrosuvacki-trendovi-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...

Најчитани неделава