Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со 364 детски срца од Црвениот крст - до нова пристапна рампа за учениците со посебни потреби

Предновогодишната еуфорија со себе носи магија која ги сплотува луѓето. Детската емпатија е онаа која умее и во ладната зима да згрее сечие срце, особено на оние најкревките.

So-364-detski-srca-od-Crveniot-krst-do-nova-pristapna-rampa-za-ucenicite-so-posebni potrebi 01 630x340.jpg

Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Центар успешно реализираше една поинаква активност во месец декември.

Општинската организација Центар во соработка со ООУ „Димитар Миладинов“ спроведе активност за изградба на пристапна рампа во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.

Ученици во Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ се лица кои се со посебни образовни потреби и различен степен на инвалидитет.

Поради тоа што некои од учениците се во инвалидска количка, неопходно е да постои пристапна рампа. Пристапната рампа на влезот на училиштето би значело подобар и полесен пристап до училиштето.

Благодарение на ООУ „Димитар Миладинов“, поконкретно на учениците и на Советот на родители при училиштето, во средината на декември беше изградена пристапна рампа.

Средствата кои беа собрани од 364 ученици во вид на членарина беа наменети токму за тоа.

Советот на родители при основното училиште „Димитар Миладинов“ активно се заложи да помогне на целната група - учениците од ДСУ „Св. Наум Охридски“ преку членството на нивните деца во Црвениот крст.

Општинската организација на Црвен крст - Центар години наназад успешно реализира бројни активности во училиштето.

So-364-detski-srca-od-Crveniot-krst-do-nova-pristapna-rampa-za-ucenicite-so-posebni potrebi 03 630x350.jpg

Ова е прва активност од ваков вид и е од огромно значење, како за подобрување на условите на целната група, така и за работата на Општинската организација Центар.

На 20.12.2019 претставници на Општинска организација Центар заедно со Директорката на ООУ „Димитар Миладинов“, членови од Советот на родители на училиштето и дел од учениците, по поставувањето на пристапната рампа, беа во посета на ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.

За време на посетата, во придружба на Директорката на училиштето и дел од стручниот кадар, присутните имаа можност да се запознаат со некои од учениците, да се запознаат со активностите кои се реализираат во училиштето и одделите на кои работат, сѐ со цел продлабочување на понатамошната соработка на Црвениот крст и овие две образовни институции кои делуваат на територија на Општина Центар.

Средбата претставува резултат на успешната работа на сите засегнати страни.

„Со нетрпение ги чекаме приликите за заедничка работа“ - е обостраната реакција. 

Веќе во блиска иднина Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Центар ќе реализира нови активности со ДСУ „Св. Наум Охридски“.

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Учениците од ООУ: „Јохан Хајнрих - Песталоци“ го посетија центарот за селекција на отпадот Учениците од вторите одделенија при ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ од скопската о...
Панчо од ДНК хоспитализиран во Скопје по синоќешниот пожар – објавени неофицијални листи со применит... Во изјава за Сакам да кажам, сестрата на Панчо од ДНК потврди дека музичарот се ...
Чичко Крсто од Кратово е 52 години во љубов со тетка Пале: „Секое утро ја будам со бакнеж во образ, ... „Каква и да имамо обврска у град да идемо - идемо заедно. Ја шо викам - со моето...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Се слави Свети Константин и Елена: Обичаи и верувања поврзани за празникот Водата од еден извор во Македонија се смета дека е најлековита на овој ден, а го...
Наум Петрески скршен од болка по смртта на Андреј ДНК - Од случајно познанство до големо пријателств... На Фејсбук Наум сподели фотографија од една од нивните бројни дружби, направена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg