Значењето на храната која се служи на бадниковата трпеза

На Бадниковата вечер традицијата е целото семејство да се собере на традиционална бадникова вечера.

znachenjeto-na-hranata-koja-se-sluzhi-na-badnikovata-trpeza-01.jpg

Но, зошто се јаде одреден тип на храна? Што претставува оваа храна? Што не смее да недостасува на вашата маса за време на оваа вечера?

Кое е значењето на храната која се служи за време на Бадник?

Според верувањата, богатата трпеза значи дека и годината ќе биде богата.

Традиционално на бадниковата маса за вечера треба да има риба, грав, погача без квасец, суво овошје и тиква.

Се верува дека тиквата се јаде за децата во текот на годината да немаат „красти“ на главата.

Ореви се јадат само на Бадниковата вечер, а не и за Божиќ, како не би пателе од чирови во текот на годината.

Постои верување дека гравчето е омилена храна за душа на покојните. На тој начин на Бадниковата вечера се воспоставува симболична врска со нашите предци.

znachenjeto-na-hranata-koja-se-sluzhi-na-badnikovata-trpeza-02.jpg

Рибата има ритуално значење, и во средниот век се врзувало како симбол за Исус Христос.

Лукот има посебна симболика, во минатото на него се давало дури и магиско значење за подобро здравје, па затоа е неизоставен дел од бадниковата трпеза.

Освен храната и пијалаците имаат симболика на оваа вечера. Еден од обичаите е ракијата и виното да не бидат испиени, односно садот од кој се точат да не остане празен, а последната чашка се враќа назад.

znachenjeto-na-hranata-koja-se-sluzhi-na-badnikovata-trpeza-03.jpg

Виното симболизира крв, па ова верување е јасно.

За време на оброкот, никој не треба да станува, се додека не завршат сите со јадењето. По завршувањето, сите треба да станат истовремено и важно е семејството да биде сложно.

Бадниковата вечера треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
„Во салата кај што порасна мама“ – Едина Муса го покажа синот и ужива во негово друштво на натпревар... „Не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици“ – напиша нашата кошарк...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава