Највкусните крофни во Скопје - омилен подарок и уникатно изненадување на секоја забава

Од продажба на крофни на велосипед до препознатлив бренд во срцето на Дебар Маало – Donut Bar е приказна која со задоволство сакаме да ја раскажеме.

najubavite-krofni-vo-skopje-se-podgotvuvaat-racno-so-mnogu-ljubov-vo-donut-bar-01.jpg

Започнуваат минатата година со продажба на крофни во Градскиот парк во Скопје, а поради големиот интерес се одлучуваат да отворат и свој локал во Дебар Маало во Скопје, каде можете да пробате крофни кои се изработени рачно во различни форми и со повеќе од 50 вкусови.

najubavite-krofni-vo-skopje-se-podgotvuvaat-racno-so-mnogu-ljubov-vo-donut-bar-02.jpg

На прашањето какви се преференциите на љубителите на крофни и кои вкусови се омилени велат дека обично...

„Возрасните повеќе ги сакаат овошните, децата оние кои се во боја или со шарени мрвици, машката популација ужива во вкусот на карамел и путер од кикирики, додека пак девојките ги сакаат крофните рафаело, фереро... но, нема пишано правило...“ – вели Викторија од Donut Bar.

Она по што се разликува ова место е фактот што секоја крофна се изработува рачно и со многу љубов.

Крофните од DONUT BAR се во моментов најпопуларен подарок и задолжителен дел од кетерингот на секоја забава.

На свадби како слатко задоволство за сите гости, на родендени како замена за торта, за годишнини во форма на gift box или уникатен букет од крофни, за мекици со вашите омилени пораки... можностите се неограничени.

najubavite-krofni-vo-skopje-se-podgotvuvaat-racno-so-mnogu-ljubov-vo-donut-bar-03.jpg

Во нивната понуда се и чоколадните срциња исполнети со крем – тежат околу 1.200 грама и се идеален подарок кога сакате да споделите љубов со вашите сакани.

Ако ви падне шеќерот - можете да си каснете и на „лице место“ во комбинација со вкусно кафе. Местото е мало но пријатно, а концептот е по светски терк.

Задолжително, заследете ги на Инстаграм – секојдневно ќе ви отвораат апетит!

Ви се пријаде, нели? 

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава