Онлајн курсеви на Гете-институт Скопје: Откријте нови можности, учете германски онлајн

Кризата е нов предизвик за сите нас, но воедно и шанса да научиме нешто ново. Гете-институт, со своите онлајн курсеви, нуди можност за учење германски јазик од дома.

onlajn-kursevi-na-gete-institut-skopje-otkrijte-novi-mozhnosti-uchete-germanski-onlajn-01_630x340.png

Со оваа понуда се отвора можност сите граѓани на нашата земја да учат германски јазик во престижниот Гете-институт и на тој начин времето поминато во домашна самоизолација за време на глобалната пандемија да го претворат во квалитетно поминато време за изучување нов јазик. Притоа посетителите на курсот дополнително добиваат можност за оптимална подготовка за испит на кој може да се стекнат со меѓународно признатиот Гете-сертификат.

„Онлајн курсевите се шанса сите заинтересирани кои сакале да го изучуваат јазикот, а немале време, да се охрабрат да ја искористат моменталната ситуација која го зафати целиот свет и од удобноста на своите домови да си отворат нови можности, како што е изучувањето на германскиот јазик. Курсевите се флексибилни и се конципирани на тој начин што посетителите ќе можат да ги следат на место и во време кои самите ќе ги определат“, појаснуваат од Гете-институт Скопје.

Сепак, како што објаснуваат од Гете-институт, тоа не значи дека ќе учите сами, туку ќе бидете дел од мала група од шест до 16 учесници и заедно ќе учите преку заеднички задачи и меѓусебна интеракција. Низ целиот процес за учење ќе Ве водат тутори кои се квалификувани наставници по германски јазик. Од нив ќе добивате поддршка и информација за Вашиот напредок како и сугестии на што треба да посветите повеќе внимание. На онлајн-состаноците пак, учеснциите ќе имаат можност за зборуват во живо со своите тутори и со останатите учесници од групата.

„Изминативе недели имав прилика да имам онлајн часови, кои беа организирани на еден интересен, забавен, софистициран и најпрофесионален начин. Со многу добро направен вовед и насочување од страна на предавачите, и со соодветна платформа и материјали постојано бев активна, во континуитет со нивото кое го посетував и во просториите, а предавачите беа постојано тука да го извлекуваат најдоброто од нас, и понатаму да не насочуваат. Освен што едукацијата беше организирана на највисоко ниво, би сакала да напоменам дека курсот е многу забавен, платформата е навистина интересна, прегледна и лесна за користење. Нестрпливо очекувам да продолжиме и понатаму (и јас и моите две деца!)“ , вели Ајда М. Ефендилер која моментално посетува онлајн-курс.

Заинтересираните можат да се пријавуваат за изучување на германскиот јазик на сите нивоа, а повеќе информации за начинот на пријавување можат да најдат на следниот линк.

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Златко Јовановски со емотивна исповед: „Доживеав банкрот на 21 година, 6 месеци чекав некој да остав... „Отворав сам секој ден, дотеран зашто чекав клиенти. Секој ден ентузијастич...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава