Намалени рестрикции: Скратен полициски час во работните денови и за викенд

Владата донесе нови мерки со кои се намалуваат рестрикциите во однос на забрана за движење, со тоа што полицискиот час ќе започнува од подоцна. 

namaleni-restrikcii-vo-rabotnite-denovi-policiski-chas-kje-zapochnuva-od-19-chasot-01.jpg

Рестриктивните мерки очигледно дадоа резултат во контролирањето на ширење на заразата, а иако движењето веќе не е толку ограничено, сепак треба да се придржуваме до основните правила како социјална дистанца и одржување хигиена, а препорачливо е во затворен простор да се носи заштита на уста. 

Целосно соопштение:

Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето.

? Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.

? За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.

? Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

namaleni-restrikcii-vo-rabotnite-denovi-policiski-chas-kje-zapochnuva-od-19-chasot-02.png

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

? Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.

? Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро.

? Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.

namaleni-restrikcii-vo-rabotnite-denovi-policiski-chas-kje-zapochnuva-od-19-chasot-03.png

Повеќе детали на прес-конференцијата во 17 часот.

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
„Баба е!“ – изјава што предизвика жестока кавга меѓу Маја Поцевска и Златко Андовски Во последната епизода на емисијата Нешто конкретно, разговорот на тема убав...

Најчитани неделава