Состојба до 04.05.2020: Регистрирани се 7 новозаболени и 47 новооздравени пациенти

Каква е последната состоба во Македонија од последното деноноќие?

sostojba-do-04-05-2020-vo-makedonija-01.jpg

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.

Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441.

Последната дистрибуција по градови е следна:

  • Скопје – 512
  • Куманово – 401
  • Дебар – 51
  • Штип-34
  • Прилеп –159
  • Тетово – 90
  • Струга – 67
  • Велес – 77
  • Битола –19
  • Охрид –15
  • Кавадарци – 5  
  • Гостивар –17
  • Гевгелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка-5
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 31
  • Пробиштип – 2
  • Кичево – 2
  • Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)        
  • Демир Хисар – 1
  • Македонски Брод -2
  • Пехчево- 2
  • Делчево-1
  • Валандово -1
  • Виница – 2
  • Кратово-1

Направените 113  теста се преку: ИЈЗ –108, Ветеринарен ф-тет -0 , Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  -0 и МАНУ -5.  Досега во земјата се направени вкупно 17359 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 24. На респираторна машина се 5 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на ковид-19.

sostojba-do-04-05-2020-registrirani-se-7-novozaboleni-i-47-novoozdraveni-pacienti-02.png

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот! Скопската клиника за психијатрија вдоми лабрадор: „Им носи чувство на смиреност н... „Активностите на Роџер почнуваат во 8 часот наутро во дневната болница, неколкуп...
Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Потег за почит! Градинарот Андреј (25) сам расчистува делови од Скопје: „Чистам 2-3 пати неделно, мн... Состојбата на некои места во Скопје допринесе за тоа да почнам сам да расчистува...
Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патека кој... Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:...

Најчитани неделава