Град Скопје ќе добие 4 нови и модерни зелени површини (скверови)

Во рамките на големиот проект за ревитализација и редизајн на зелени јавни површини во градот, наредниов период во Скопје ќе започне изведбата на 4 нови модерни зелени површини – скверови.

grad-skopje-kje-dobie-4-novi-moderni-zeleni-povrshini-skverovi-01.jpgБулевар Илинден и улица Никола Тесла во Карпош

Проектот за ревитализација и редизајн на зелени јавни површини во градот се реализира изминативе 2 години од Градот Скопје и Центарот за иновации на град Скопје (Скопје Лаб). Главна цел на проектот е ревитализација на запуштени јавни површини преку изградба на нови модерни површини (скверови), кои ќе обезбедат поквалитетен простор за релаксација, одмор и дружење на граѓаните. Новите скверови ќе бидат со модерен дизајн, а истите ќе бидат исполнети со многу зеленило и модерна урбана опрема.

Во рамки на овој проект беше спроведено големо истражување - анкета на која граѓаните предлагаа локации кои би биле предмет на целосен редизајн и обнова.

grad-skopje-kje-dobie-4-novi-moderni-zeleni-povrshini-skverovi-02.jpgБулевар Јане Сандански пред слаткарницата „Палма“ во Аеродром

Како резултат на овие истражувања, а по предлог на граѓаните, Градот Скопје во наредниот период ќе изгради 4 нови модерни јавни површини – скверови на следните локации:

1. Помеѓу бул. Илинден и ул. Никола Тесла во Карпош, на површина од 1470 квадратни метри.

2. Пред и зад амбуланта „Млин Балкан“ во Центар, на површина од 585 квадратни метри.

3. Помеѓу бул. Јане Сандански и улицата 23 Октомври (поранешна Владимир Комаров), пред Рамстор и Стопанска банка во Аеродром, на површина од 2.000 квадратни метри.

4. На бул. Јане Сандански пред слаткарницата „Палма“ во Аеродром, на површина од 1.068 квадратни метри.

grad-skopje-kje-dobie-4-novi-moderni-zeleni-povrshini-skverovi-03.jpgБулевар Јане Сандански и улицата 23 Октомври (поранешна Владимир Комаров), пред Рамстор и Стопанска банка во Аеродром

Ревитализацијата на старите и запуштени јавните површини ќе продолжи и во наредниот период на повеќе локации низ Скопје.

Со почит,

Град Скопје

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...

Најчитани неделава