Прогласени победниците на детскиот ликовен конкурс на Ладна

Ладна го затвори овогодинешното издание на детскиот ликовен конкурс со објавување на имињата на победничките цртежи.

proglaseni-pobednicite-na-detskio-tlikoven-konkurs-na-ladna-01.jpg

Стручната жири комисија ги одбра најинтересните и најкреативните цртежи на тема „Мојата омилена игра надвор“, а Ладна и оваа година обезбеди вредни награди за малите уметници.

Како и секоја година, натпреварувањето беше поделено во две категории: деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години. Бројот и разновидноста на пристигнатите цртежи беа само потврда дека детската фантазија навистина нема граници.

proglaseni-pobednicite-na-detskio-tlikoven-konkurs-na-ladna-02.jpgЈана Смилевска, 6 години, Скопје - прво место (4-7)

Како победнички цртежи од двете категории беа одбрани цртежите на:

Категорија од 4 – 7 години

1. Јана Смилевска, 6 години, Скопје (прво место)

2. Александра Шуканова, 6 години, Охрид (второ место)

3. Јоан Дојчиноски, 5 години, Струга (трето место)

Категорија од 7 – 10 години

1. Лина Талеска, 9 години, Скопје (прво место)

2. Александар Тодоровски, 8 години, Крива Паланка (второ место)

3. Јана Кираковска, 9 години, Скопје (трето место).

proglaseni-pobednicite-na-detskio-tlikoven-konkurs-na-ladna-03.jpgЛина Талеска, 9 години, Скопје - прво место (7-10)

Поради непредвидените околности, наградите во двете категории ќе бидат адаптирани и доделени во поинаква форма:

Прво место - Паричен надомест во еквивалентен износ на предвиденото тридневно патување во Дизниленд, Париз на детето со родителите/старателите

Второ место - Паричен надомест во еквивалентен износ за предвидениот годишен курс за цртање

Трето место – Таблет за цртање

Ладна им се заблагодарува на сите деца кои ги испратија своите цртежи за ликовниот конкурс и ги охрабрува и во иднина да продолжат да ја негуваат својата фантазија. Пријавените и наградените цртежи можете да ги погледнете на следниот линк: http://ladna.com.mk/sites/static/mali-umetnici/.

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава