Запиши се во Гете-институт - Германскиот јазик не е научна фантастика, туку е возбудлива авантура за изучување!

За германската научнофантастична серија „Dark“ може да се каже дека е една од најпопуларните серии кои го одбележаа периодот на целосно затворање. Многумина беа возбудени од решавањето математички прецизно поставената загатка на оваа мистерија, која придонесе барем на моменти да заборавиме на грижите и да се препуштиме на возбудата.

zapishi-se-vo-gete-institut-germanskiot-jazik-ne-e-nauchna-fantastika-tuku-e-vozbudliva-avantura-za-izuchuvanje-01.jpg

Изучувањето на германскиот јазик во Гете-институт е исто толку возбудливо и преку користење на најсовремените технологии и методи на учење ќе се уверите дека усовршувањето на германскиот јазик воопшто не е научна фантастика, туку забавна реалност.

Од Гете-институт додаваат дека онлајн курсевите за возрасни се целосно приспособени на модерните потреби и модерниот начин на живот.

„На истиот начин, како што денес преку најразлични платформи имаме можност самите да одлучиме кога ќе ја гледаме нашата омилена серија или филм, во Гете-институт преку современата платформа имате можност самите да го избирате времето за посета на онлајн курсевите за возрасни, според вашите лични потреби. Слушателите можат да изберат помеѓу опциите половина од курсот да го поминат преку автоматизираната Moodle платформа, а останатата половина во виртуелна училница со менторство на професор, како прва опција, или како втора опција, најголем процент од курсот да го изучуваат преку автоматизираната Moodle платформа, а само десет проценти во виртуелна училница со професор“, објаснуваат од Гете-институт.

По сличен принцип и приспособена програма функционираат и курсевите за млади од 12 до 18 години, додека курсевите за најмладите целосно ќе се реализираат во виртуелни училници со активно присуство на професор.

Користењето на модерните технологии на учење во Гете-институт веќе не е научна фантастика, туку реалност која учењето на германскиот јазик го прави уште подостапно и позабавно за сите.

Затоа, не размислувајте и започнете ја авантурата веднаш. Пријавувањето за курсевите започнува од денес и ќе трае до 07.09.2020 година.

Пријавувањето може да го извршите онлајн на следниов линк.

Би можело да ве интересира:

Германскиот ракометар Кристијан Дисингер направи филмска свадба во Тоскана со струмичанката Марија -... Марија Андоновска од Струмица ја имаше својата свадбена церемонија од соништата,...
Зоран Настески, кој собори патник што се заканувал со бомба на лет до Шкотска, открива за CRNOBELO: ... „Браво Зоране, ти си приземјен и храбар човек. Секоја ти чест!“ е само еден од п...
Бојан Чунде на 20 години по скок од педалинка во Охрид останал инвалид: „Докторот ми кажа дека нема ... „На моите веќе им кажале дека шансите да проодам се еднакви на нула. По операциј...
„Првиот Божиќ без тебе, Дади“ - Сестрата на Фросина емотивна една година по нејзината смрт „Никој не знае дека и јас заминав со тебе тој проклет 29 јануари - затоа што сле...
Третиот ден од свадбата на Марија од Струмица со ракометарот Дисингер - Ручек во вила во Тоскана, ко... И третиот ден од свадбата на Марија и ракометарот Дисингер е како сцена од роман...
Финн, Германец што живее во Македонија: „Треба да научам македонски јазик само од почит што живеам т... „Бев во МВР во Македонија и од таму ми кажаа дека треба да одам во македонска ам...

Најчитани неделава