БЕСТ Скопје - Навигатор на секој студент во време на пандемија

Пред сите нас стои уште едно поглавје коешто во себе крие многу нови промени. Што значи тоа за студентите?

best-skopje-navigator-na-sekoj-student-vo-vreme-na-pandemija-01.jpg

Очекувањата за каков ќе биде текот на студентските денови, можеме да кажеме дека се целосно различни од кога било. Она што

ни е познато како највозбудливиот период за една млада индивидуа, денес е претворено во нешто со коешто не сите знаеме како да се соочиме.

Тоа не води кон прашањето: „Како најлесно може да ги искусиш студентските денови низ овие времиња?“.

Еден од тие начини е да се зачлениш во студентска организација, а една од нив која може да биде вистинскиот избор е БЕСТ Скопје

Борд на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ Скопје) е невладина, непрофитна, студентска организација која се стреми кон развојот на студентите од техничките факултети.

Меѓутоа што е она што го двои БЕСТ Скопје од другите студентски организации и како оваа организација може да биде навигатор за студентите?

Како и секоја организација БЕСТ има свои сервиси кои, покрај развојот на студeнтите, создаваат и мрежа меѓу нив и 93 Европски универзитети. Збирот на вредностите на БЕСТ Скопје креираат средина во којашто студентите учат како да дејствуваат низ нивната академска надоградба.

Сега, повеќе од кога било, клучно е да дејствуваме заедно.

Да сме поврзани на некој начин, додека постои можноста да сме изолирани.

БЕСТ Скопје е мост којшто ги спојува искуствата, знаењата и потребите на студентите и наоѓа начин да ги сруши сите бариери независно од ситуацијата.

Оваа есен БЕСТ Скопје регрутира нови членови кои ќе бидат дел од ова взаемно дејствување.

Сѐ што треба да направите е да ја пополните формата за зачленување и веднаш ќе бидете контактирани од страна на членовите кои ќе ве воведат во организацијата. Дополнително, доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за тоа што точно е БЕСТ Скопје, вклучете се на Информативниот Состанок за нови членови, на 15.10.2020 со почеток во 20:00 часот на Zoom.

За повеќе информации посетете го официјалниот настан на facebook.

Дадете им шанса на неконвенционалните студентски денови и дозволете БЕСТ Скопје да биде последниот дел од сложувалката која ви недостасува во вашиот студентски живот.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава