Проширен Глобалниот извршен одбор на Здружението на Светскиот комуникациски форум: Со подобра едукација и подобри етички комуникации на ПР професионалците

(Давос, 09.11.2020) – На Генерално Собрание на Здружението на Светскиот комуникациски форум во Давос, Швајцарија се избраа шест нови членови за проширување на Глобалниот извршен одбор на десет члена.

proshiren-globalniot-izvrshen-odbor-na-zdruzhenieto-na-svetskiot-komunikaciski-forum-so-podobra-edukacija-i-podobri-etichki-komunikacii-na-pr-profesionalcite01.jpg

Во Здружението членуваат ПР професионалци од целиот свет и имаат задача да ја зголемат можноста за едукација и усовршување на ПР професионалците како и нивно вмрежување за подобра соработка. Форумот го предводи реномираниот меѓународен експерт за односи со јавноста и автор, Максим Бехар од Бугарија кој има нов 3-годишен мандат како Претседател.

Во новиот одбор се Соли Моенг (Јужна Африка), Ганеш Чандрасекаран (Индија), и Јон-Ханс Коцер (Португалија), Нурул Ашикин Шамсури (Малезија), Клара ти-Ле (Виетнам), Мина Назари (Иран), Џаклин Страјер (САД), Саурабх Убоеја (Индија) и Чезаре Вали (Италија).

„Воодушевен сум што соработувам со нашиот нов Одбор, кои се глобални лидери и експерти во областа на односите со јавноста, комуникациите и образованието. Уверен сум дека додека влегуваме во свет и глобална економија, која сè уште ги наоѓа своите нозе, по неколку месечни блокaди, ќе се насочиме кон потребата за развивање на нашата професија", изјави Бехар и додаде "ние, како Глобален Извршен Одбор, сме посветени на создавање нови и значајни начини за ангажирање на нашите глобални членови, нивните клиенти и сите засегнати страни. Утре е веќе тука “

Светскиот Комуникациски Форум е основан во 2010 година во Давос, Швајцарија, каде Здружението е регистрирано во 2014 година. Претставник од Македонија е Татјана Лопарски, Извршен директор на Агенцијата за односи со јавност, Елемент ПР. Секоја година форумот собира истакнати претставници на секторот за комуникација и односи со јавноста од целиот свет, кои, преку дијалог и дискусија разменуваат искуства и идеи за обликување на глобалните комуникации. Во 2020 година, Здружението на Светскиот Форум за Комуникација го организираше својот прв „Глобален Самит за Комуникации“ во ЗООМ, обединувајќи ги најдобрите врвни експерти за комуникација од повеќе од 30 земји. Како резултат на овој собир беше усвоен и Кодекс за етички комуникации, одобрени и потпишани од 135 експерти од 36 земји, меѓу кои и Македонија.

Би можело да ве интересира:

Кумановец ја запроси девојката „под облаците“ на место со спектакуларен поглед кон Алпите во Швајцар... „Претходно немавме разговарано за брак. Но, уште кога тргнавме на пат јас почнав...
Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел...
Нови фотки од свадбениот ден на Антониа Гиговска, Панчо од ДНК во Сан Марино: Што прават македонскит... И сопругот на Антониа Гиговска објави фотографии од свадбениот ден, каде носи ка...
Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот Именден слават Климент, Климе, Климентина... Кој бил големиот македонски светец,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg