EESTEC Academy - Осмели се да научиш повеќе!

EESTEC Academy организиран од студентската организација EESTEC LC Skopje, е настан со неколкугодишна традиција, кој годинава поради пандемијата со Covid-19 ќе се одржи онлајн. Академијата претставува серија од кратки обуки на актуелни теми од техничката област.

eestec-academy-osmeli-se-da-nauchish-povekje01.jpg

Главна цел на настанот е да се овозможи на студентите, паралелно со нивните студии, да добијат дополнително знаење и вештини кои ќе им отворат нови перпсективи во нивниот понатамошен професионален развој.

Учеството на академијата е целосно бесплатно, а до крајот на годината ќе се одржат два модули.

Првиот модул ќе се одржи викендот на 28-ми и 29-ти ноември во соработка со Машински факултет Скопје (МФС). Темата на првиот модул ќе биде микроконтролерот Ардуино. Овој модул претставува одлична прилика да се научат основите на работата со светски познатиот микроконтролер, преку предавања на искусни професори од Машински факултет Скопје. Формата за пријавување е отворена и може да се најде на овој линк.

Вториот модул на овогодинешното издание ќе ја опфати актуелната тема Енергија и одржлив развој. Модулот ќе се одржи во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), на средината на декември. Формата за пријавување ќе биде објавена наскоро. За повеќе информации можете да ја следите Facebook страната на EESTEC Academy.

Ги охрабруваме сите студенти и заинтересирани за овие области да се пријават и да го прошират своето знаење! Осмели се да научиш повеќе!

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава