Нови стандарди за хуман третман на бездомните кучиња - ЈП Лајка, Скопје

Прифатилиштето на ЈП Лајка – Скопје активно работи за згрижување на бездомните кучиња и нивен хуман третман.

novi-standardi-za-human-tretman-na-bezdomnite-kuchinja-jp-lajka-skopje01.jpg

Тим од сертифицирани професионалци започна со заловување на бездомните кучиња низ градот Скопје и нивно сместување во суви и топли апартмани со подно греење и легла според сите стандарди, под редовна контрола, третман и нега од страна на негувателите во Лајка. По задолжителниот преглед, вакцинација, стерилизација и чипирање, односно по нивното заздравување откако ќе завршат со постперативниот третман, ќе бидат сместени во одделот за вдомување каде граѓаните ќе имаат можност да си го вдомат својот иден миленик.

Досега во прифатилиштето на ЈП Лајка – Скопје се згрижени 23 бездомни кучиња од улиците на град Скопје. Дел од нив се заловени од нашите тимови по пријава на граѓани дека се агресивни, а дел од кучињата се донесени од граѓани на кои што неизмерно им благодариме за соработката.

Резултатите од нивните тестови од лишманија од Факултетот за ветеринарна медицина се негативни и сите се во добра здравствена состојба. Половина од нив веќе го поминаа третманот односно се стрелизирани/кастрирани, вакцинирани од заразни болести и беснило, имаат аплицирано ушна маркица и микрочип кои што се евидентирани со кооринатите од каде што се заловени. Новите ушн маркици имаат посебен број и код според општината.

Прифатилиптето на ЈП Лајка работи во полн капацитет за во целост да ја промени сликата со бездомните кучиња, нападнати и искасани граѓани. Не само за поголема безбедност на граѓаните, туку и подобар живот и хуман третман на кучињата во Скопје.

Проблемот со бездомните кучиња во главниот град полека, но сигурно станува минато и прифатилиштето на ЈП Лајка ќе настојува да прерасне во најубавото катче во градот за дружба меѓу граѓаните и нивниот најголем пријател - кучето.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава