Лебот Рустика на „Жито Лукс“ повторно достапен

Скопје, 18.11.2020 – Најголемиот македонски производител од мелничко-пекарската индустрија, „Жито Лукс“ внесува уште еден производ во своето портфолио.

lebot-rustika-na-zhito-luks-povtorno-dostapen-001.jpg

Станува збор за лебот Рустика од линијата Фурнаџиски лебови кој е повторно достапен во продажните места на производите на компанијата.

Лебот Рустика, омилен на многу генерации, е рачно направен од пченично и ‘ржано брашно по стариот, традиционален рецепт. Задржан е и оригиналниот изглед, со препознатливата распукана кора, посипан со брашно, како и карактеристичниот вкус на домашен леб, тукушто излезен од фурна.

lebot-rustika-na-zhito-luks-povtorno-dostapen-03.jpg

„Лебот Рустика претставува одлично надополнување на секој оброк и секоја семејна трпеза. Сега, во време кога почесто сме дома и повторно се собираме околу семејната трпеза, речиси исто како некогаш, со овој леб се навраќаме на мирисот и вкусот од детството. Нашата компанија и во ова време кое налага вонредни услови на функционирање и работа, се стреми и ќе продолжи понатаму да се стреми кон обезбедување на врвен квалитет и вкус за нашите потрошувачи, со цел на ниедна трпеза да не изостануваат лебовите на „Жито Лукс“ – велат од компанијата.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...

Најчитани неделава