„Свири им на ангелите“ – Маестралниот Зоран Џорлев почина на 53-годишна возраст

Почетокот на 2021-ва донесе тажна вест – на 53-годишна возраст почина виолинистот Зоран Џорлев, колегите од естрадата се збогуваат од него на социјалните мрежи. 

sviri-im-na-angelite-maestralniot-zoran-djorlev-pochina-na-53-godishna-vozrast-01.jpg

На 1-ви јануари 2021 година, нѐ напушти маестралниот виолинист, Зоран Џорлев.

На социјалните мрежи од него се збогуваат роднините, пријателите и колегите кои не можат да поверуваат на загубата.

Владимир Блажев – Панчо, Анета Наковска, Валентино Скендеровски и други колеги од естрадата се збогуваат од маестро Џорлев и му изразуваат сочувство на семејството.

Александар Митевски

Огромна загуба. Почивај во мир, маестро... Сочувство до семејството

sviri-im-na-angelite-maestralniot-zoran-djorlev-pochina-na-53-godishna-vozrast-02.jpg

Владимир Блажев - Панчо

Не се договоривме вака да ја почнеме годината. Македонија денес изгуби голем музичар, професор, пред се прекрасен сопруг и татко. Нека ти е вечна слава легендо, свири им на ангелите 

sviri-im-na-angelite-maestralniot-zoran-djorlev-pochina-na-53-godishna-vozrast-03.jpg

Валентино Скендеровски

Почивај во мир Зоки. Нека ти е светол патот кон вечноста. Сочувство до семејството.

sviri-im-na-angelite-maestralniot-zoran-djorlev-pochina-na-53-godishna-vozrast-05.jpg

Коки Јанков

„Братче... Сочувство до семејството“

sviri-im-na-angelite-maestralniot-zoran-djorlev-pochina-na-53-godishna-vozrast-06.jpg

Анета Наковска

„Боже мили не можам да верувам, не можам солзиве да ги застанам, душава ми плаче. Зоки ни замина не можам да прифатам. Како да кажам почивај во мир на еден од најдобрите луѓе што ги познавав во животот, како да речам лесна му земја. Господи вечна му слава и покој на душата, сето царство небесно за неговата огромна душа. Маестро Зоки Џорлев, почивај во мир, мое најдлабоко сочувство за семејството.“ - напиша таа на

?__cft__[0]=AZXnDsZz5b5N4sdzKR4mwvdSrI8Vz5G3gmAHF9_k9p57RWkd9k9r1VJSFthZvPG4riflBLmmClJzuQfKkJXBv8-d6020aCOApKu67qjYUG1x_McCEdpF4mVZ9qSzwR0m2mA&__tn__=%2CO%2CP-R" target="_blank" rel="noopener noreferrer">Фејсбук објава.

Сашо Гигов - Гиш 

Патувај со Песна во Вечноста, Брат. Вечен Помен и Слава. Сочувство до Семејството

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Од инфаркт во сон почина Кили (58), сопругата за CRNOBELO вели: „Само убави работи памтам со него“ „Само убави работи памтам со него. Почина во сон од инфаркт“, вели за CRNOBELO.c...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава