Акција за поздрав: Дечко од Скопје собира отпадоци секојпат кога оди во Сарај (фото)

„Сарај е прекрасно место. Често го посетувам, но истовремено нечисто и тоа ми пречи и ме нервира. Затоа одлучив да го собирам ѓубрето секојпат кога го посетувам“, напиша Бојан Трајковски на својот Фејсбук профил.

akcija-za-pozdrav-dechko-od-skopje-sobira-otpadoci-sekoj-pat-koga-odi-vo-saraj-foto-01.jpg

Бојан Трајковски е дечко од Скопје кој вели дека го обожава Сарај, но не му се допаѓа што паркот и околината се преполни со ѓубре.

Затоа тој одлучил секојпат кога ќе оди таму, да собере барем една вреќа со отпадоци.

На својот Фејсбук профил тој ги повикува и другите да му се приклучат во акцијата:

„Сарај е прекрасно место. Често го посетувам, но истовремено нечисто и тоа ми пречи и ме нервира. Затоа одлучив да го собирам ѓубрето секојпат кога го посетувам. Верувам дека ќе направам значајна разлика за неколку седмици од сега за секого. Можам дневно да собирам повеќе ѓубре од тие што ќе фрлаат наоколу. Исто така можеби ќе инспирирам и други да го направат истото или уште поважно да ги сопрам оние кои фрлаат наоколу ѓубре да престанат.“

akcija-za-pozdrav-dechko-od-skopje-sobira-otpadoci-sekoj-pat-koga-odi-vo-saraj-foto-02.jpg

По втората негова акција, Бојан напиша:

„Вреќата со отпадоци број 2 ја собрав на дождот. Направив мала разлика на патот што води до очната болница и пешачкиот мост во Сарај. Акцијата уште трае. Ако некој сака да се приклучи пишете ми.“

Секоја чест за идејата, акцијата и потегот. Сите треба да учиме од него!

akcija-za-pozdrav-dechko-od-skopje-sobira-otpadoci-sekoj-pat-koga-odi-vo-saraj-foto-03.jpg

akcija-za-pozdrav-dechko-od-skopje-sobira-otpadoci-sekoj-pat-koga-odi-vo-saraj-foto-04.jpg

Прочитајте и Петар Стевановиќ, еко-активист: „Од Козјак собравме 150 ќеси ѓубре од несовесни граѓани, мора да се сменат навиките на Македонците“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Златко Јовановски со емотивна исповед: „Доживеав банкрот на 21 година, 6 месеци чекав некој да остав... „Отворав сам секој ден, дотеран зашто чекав клиенти. Секој ден ентузијастич...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...

Најчитани неделава