За почисто Скопје: 10 нови машини за метење на јавните и на сообраќајните површини

Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ денеска ставија во употреба 10 нови машини за метење на јавните и на сообраќајните површини.

za-pochisto-skopje-10-novi-mashini-za-metenje-na-javnite-i-na-soobrakjajnite-povrshini-01.jpg

Новите машини кои ги набави ЈП „Комунална хигиена“ ќе бидат распоредени во сите скопски општини.

- Денеска ги промовираме првите 10 од вкупно 47 комунални возила што ќе бидат набавени оваа година. Станува збор за 10 метлачки за одржување на хигиената на јавните површини - сообраќајници, велосипедски патеки и тротоари.

Вистински ги трошиме градските пари, за потребите на градот и за потребите на граѓаните. Знаете дека во 2019 година почнавме со нов концепт за третман на комуналниот отпад, тогаш беше набавена сериозна механизација, ова денеска е втора фаза, а во третата фаза пролетва ќе пристигнат преостанатите 37 возила. Со тоа, ги подобруваме перформансите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и го намалуваме материјалниот трошок за неговото работење.

Покрај контејнерите и кантите за џебен отпад што ги поставивме во изминативе две години ова ќе помогне да имаме целосно поинаков концепт на третман на јавните површини - рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната промоција на новите машини за чистење.

za-pochisto-skopje-10-novi-mashini-za-metenje-na-javnite-i-na-soobrakjajnite-povrshini-02.jpg

za-pochisto-skopje-10-novi-mashini-za-metenje-na-javnite-i-na-soobrakjajnite-povrshini-03.jpg

Тој ги повика граѓаните да бидат дел од овој процес со тоа што комуналниот и џебниот отпад ќе ги третираат како лична одговорност, зашто Скопје е нашиот дом.

- Ги подобривме капацитетите и на инспекциските служби на Град Скопје. Мислам дека со таква координирана активност меѓу Град Скопје, ЈП „Комунална хигиена“, инспекциските служби и совесните граѓани ќе успееме Скопје да стане какво што го сакаме, го замислуваме и гледаме дека од ден на ден јавните површини стануваат се почисти – нагласи Шилегов. 

za-pochisto-skopje-10-novi-mashini-za-metenje-na-javnite-i-na-soobrakjajnite-povrshini-04.jpg

На денешната промоција на новите метлачки присуствуваше и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани кој рече дека врвен приоритет на јавното претпријатие е да се заштити јавното здравје преку одржување на јавната хигиена во градот, на највиското можно ниво.

- Овие 10 машини се дел од планираното големо обновување на возниот парк на нашето претпријатие. Ни претстои набавка на уште 37 нови специјални комунални возила – автоцистерни, самоподигнувачи, кипери и возила за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што очекуваме во голема мера да придонесат за поефикасно и поквалитетно извршување на активностите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – најави Шабани.

za-pochisto-skopje-10-novi-mashini-za-metenje-na-javnite-i-na-soobrakjajnite-povrshini-05.jpg

za-pochisto-skopje-10-novi-mashini-za-metenje-na-javnite-i-na-soobrakjajnite-povrshini-06.jpg

za-pochisto-skopje-10-novi-mashini-za-metenje-na-javnite-i-na-soobrakjajnite-povrshini-08.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...

Најчитани неделава