ВЕЛО Е КОГА ИМА СÈ - Градот Скопје со кампања за промовирање на велосипедизам

velo-e-koga-ima-se-gradot-skopje-so-kampanja-za-promoviranje-na-velosipedizam-01.JPG

На повеќе локации во Скопје деновиве се поставени билборди кои ги поттикнуваат граѓаните да го изберат велосипедот како најздраво, најбрзо и најпаметно превозно средство во градска средина. 

Градот Скопје во континуитет работи на подобрување на велосипедската инфраструктура во Скопје, а годишно се градат над 15 километри нови или се реконструираат постојни велосипедски патеки. Како резултат на посветената работа, годинава ја надминавме должината од вкупно 100 километри велосипедски патеки во Скопје. Особено внимание се посветува и на ослободување на просторот на пешачките и на велосипедските патеки, преку поставување заштитни столпчиња. Дополнително, во голема акција, целосно се отстранети несоодветно поставените билборди и реклами од велосипедските патеки во Малиот ринг, со што се стимулира користењето на велосипедот. 

velo-e-koga-ima-se-gradot-skopje-so-kampanja-za-promoviranje-na-velosipedizam-02.JPG

Како една од мерките за стимулирање на користењето велосипед е доделувањето субвенции за граѓаните за купување велосипеди, што ќе се реализира и оваа година, а јавниот повик треба да се распише во наредниот период. И годинава граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед од почетокот на годината, поточно од 01.01.2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, а јавниот повик ќе се спроведува по принципот „прв дојден - прв услужен“.

velo-e-koga-ima-se-gradot-skopje-so-kampanja-za-promoviranje-na-velosipedizam-03.JPG

Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за оваа намена се предвидени 8,5 милиони денари, со што и годинава ќе се доделат субвенции за околу 2.800 велосипеди. Во 2018, 2019 и во 2020 година, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед.

Како една од активностите предвидени со Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019 – 2021, Градот Скопје спроведува кампања за промоција на велосипедскиот сообраќај, преку која ги потсетуваме граѓаните за придобивките од користењето на велосипедот како превозно и рекреативно средство. Кампањата се реализира под мотото „Вело е кога има сѐ – најздраво, најбрзо и најпаметно“.

velo-e-koga-ima-se-gradot-skopje-so-kampanja-za-promoviranje-na-velosipedizam-04.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава