Аплицирајте онајн за субвенции за набавка на инвертер клима уреди

Скопје, 22.04.2021 година - Градот Скопје го објави јавниот повик за доделување субвенции за купување инвертер клима уреди во 2021 година, а граѓаните ќе може да аплицираат онлајн.

aplicirajte-onajn-za-subvencii-za-nabavka-na-inverter-klima-uredi-01.jpg

На повикот може да аплицираат лица кои ги исполнуваат предвидените услови, а ќе можат да аплицираат сите оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2021 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај). Повикот ќе биде отворен до 01.11.2021 година или денот на исцрпување на средствата.

На граѓаните ќе им бидат надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ, а може да аплицираат ТУКА доколку апликантот претходно не добил субвенции за затоплување со печки на пелети или инвертери).

Треба да ги доставите следните документи:

-Важечка лична карта;

- Нотарски заверена изјава дека доброволно ја предава печката која ја користи;

- Потврда за ефикасноста на инвертер клима уредот;

- Трансакциска сметка;

- Фискална сметка или потврда за купувањето;

- За одделни домаќинства на иста адреса потребни се сметки од различни броила за електрична енергија;

- За домаќинства кои се во реони на централно градско греење потребна е потврда дека не се приклучени и немаат техничка можност за приклучок;

*документите треба да бидат скенирани

Повеќе информации за јавниот повик на македонски јазик ТУКА.

Повеќе информации за јавниот повик на албански јазик ТУКА.

Средствата предвидени за овие субвенции се добиени од Владата на Република Северна Македонија, односно во 2020 година Град Скопје доби средства во висина од 322.400.000,00 денари. Во годинешниов јавен повик ќе бидат користени нереализираните средства од минатогодишниот јавен повик или сума во износ од 107.404.074,00 денари.

Овие субвенции се дел од мерките што Градот Скопје ги има предвидено во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Градот. Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Ова се јавува, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено го постигнуваат максималното задоволство при затоплувањето на домовите.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...

Најчитани неделава