70 седница на Советот на Град Скопје: Ќе се реконструираат влезот и пристапните улици во ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“

Скопје, 29.04.2021 година - Одлуката за давање донација на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември” – Скопје е една од главните точки за која ќе се расправа на денешната седница на Советот на Град Скопје.

70-sednica-na-sovetot-na-grad-skopje-kje-se-rekonstruiraat-vlezot-i-pristapnite-ulici-vo-jzu-gradska-opshta-bolnica-8-mi-septemvri-01.jpg

Со оваа одлука се предлага Градот Скопје да даде донација што се состои во реконструкција на влезот и пристапните улици во ургентниот центар на болницата, на површина од 2.400 м2, а проценетата вредност на донацијата изнесува 2.356.100 денари без ДДВ.

Оваа одлука е од исклучителна важност, бидејќи со истата се подобрува пристапноста до ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември” којашто уште од почетокот на пандемијата функционира како ковид центар. За потсетување, минатата година, Градот Скопје изврши серија на реконструкции и изградби во Клиничкиот центар – Мајка Тереза, односно изгради посебен влез за возилата на итна медицинска помош, се изработи нов влез кај Инфективната клиника, се проширија влезовите кај Клиниката за стоматологија и на влезот на улица Белградска над Клиничкиот центар, а се реконструираа и двата постојни паркинзи кај клиниките за хирургија и за гинекологија и акушерство. Дополнително, во тек е и реконструкцијата на дел од улицата Загрепска со што ќе се подобри пристапноста до Институтот за белодробни заболувања – Детската болница Козле, каде што функционира еден од ковид центрите во Скопје, а за што Град Скопје издвои 10 милиони денари.

На днешната седница Советот на Град Скопје ќе одлучува и за повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка. Со првата одлука се предвидува воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје, Општина Карпош и Општина Чаир за изработка на проектна документација за улица „Ц1“. Со оваа одлука се предвидува изработка на проектна документација за новата улица со која се предвидува продолжување на бул. „Џон Кенеди“ на потегот од ул. „Македонско-косовска бригада“ до бул. „Никола Карев“. Со оваа одлука Градот Скопје во остварувањето на меѓуопштинската соработка ќе учествува со финансиски средства во износ од 2.000.000 денари без ДДВ.

Со втората одлука се предвидува воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Ѓорче Петров за осветлување на неколку улици на територијата на општина Ѓорче Петров. Со истата се предвидува финансиско учество на Град Скопје во реализацијата на проект за осветлување на улиците „Шар Планина“ и „Лепенец“, за што Град Скопје ќе издвои средства во износ од 894.000 денари без ДДВ.

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе расправа и за извештаите за работата на Јавните установи на Град Скопје за минатата 2020 година, за Извештајот за работата на ЈП „Улици и патишта“ за 2020 година, како и за извештаите за работата на повеќе јавни претпријатија за првото тримесечје од 2021 година.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава