Легенди за македонски „опседнати“ куќи: Зелениот замок во Скопје, куќата на германските гробишта во Велес

Црна ноќ, тишина, студена ноќ, стара куќа, искрешени ѕидови и без прозорци, плач и лелек, страв... Чекориш сам во ноќта и иако знаеш дека таа куќа со децении е напуштена, чувствуваш како некој, нешто те гледа, следи... Чувствуваш присуство ама нема никој... Сам во ноќта покрај напуштена куќа... Крвта ти се заледува и срцето чука сè побрзо... Што ли се случува? Сцена од хорор филм... Наводно проколната куќа, полна со духови, зло и страв - легенда која со години се пренесува од генерација на генерација...

legendi-za-makedonski-opsednati-kukji-zeleniot-zamok-vo-skopje-kukjata-na-germanskite-grobishta-vo-veles-01.jpg

Секоја држава, секој град или место има по некоја приказна за проколната куќа, градба стара стотици години, целата во рушевини, за која мештаните раскажуваат хорор приказни, судбини со тажен крај, семејни трагедии, смрт, проклетства и терор.

Низ Македонија постојат повеќе куќи за кои локалното население верува дека се проколнати, дувло на зли духови и сеништа, на нешто натприродно.

И додека многумина веруваат дека ова се само бесмислени приказни за плашење на деца, другите, оние кои наводно со свои очи виделе, почувствувале - раскажуваат за моќта на надреалното, дека сепак постои сила која не може логично да се објасни.

Тешко е да се поверува за семјни проклества и плач во напуштена куќа од која полазуваат морници по целото тело.

Во скопско Пржино, во прилепско и велешко, постојат напуштени куќи за кое се верува дека се проколнати и опседнати.

Дали тоа се само урбани легенди или има некоја вистина?

Зелениот замок во Скопје

Иако срушен пред неколку години, зелениот замок во скоската населба Пржино, со децении наназад беше куќа на стравот.

Според старото проклетство, се веруваше дека кој ќе влезе во замокот - по седум дена ќе умре. Кога го срушија замокот, заедно со рушевините се закопаа и многуте морничави приказни за неговото проклество, кои до денеска остануваат нерешена мистерија.

Нема скопјанец кој не ја слушнал приказната за зелениот замок на улицата Востаничка. Стара, баротско-готска градба, изградена пред почетокот на Втората светска војна. Некогаш симбол на врвна ахритетура, а подоцна куќа на стравот и треперот, од која велат, нема враќање. 

legendi-za-makedonski-opsednati-kukji-zeleniot-zamok-vo-skopje-kukjata-na-germanskite-grobishta-vo-veles-02.jpgфото: Твитер

Оваа стара куќа некогаш била дом на богато петчлено семејство од Црна Гора, мајка, татко и три деца, две ќерки и син.

Нивната несреќна судбина почнува веднаш по преселбата во Македонија и новиот дом во Пржино. Прво, починала првата ќерка, на само 15-годишна возраст. Таа го загубила животот по пад од коњ во дворот на замокот. Две години подоцна, нејзина сестра се удавила во бунарот додека полнела вода.

Но, трагедиите не престануваат тука. Синот, последното чедо, починал од мистериозна болест за која немало лек. По загубата на трите деца, очајната мајка не можејќи да се справи со болката и тагата, се обесила, а таткото, откако ги изгубил саканите, се фрлил во река. Трагична приказна која носи уште потажно проклетство. После нив никој не живеел во куќата во која наводно постојано се слушале плачење и лелеци.  

Според друга стара легенда, оваа куќа била изградена по желбата на богат гроф од Гостивар многу одамна, па затоа е во тој стил, како стар замок во барок. Тој живеел со својата сопруга, која на жалост многу млада го изгубила животот. Подоцна живеел сам, често давајќи го домот на постстанари.

legendi-za-makedonski-opsednati-kukji-zeleniot-zamok-vo-skopje-kukjata-na-germanskite-grobishta-vo-veles-03.jpgнеповрзана фотофрафија, извор: depositphotos.com

Третата легенда за зелениот замок, пак, вели дека тој е проколнатат од двајцата браќа кои трагично загинале во него.

Многу приказни, многу трагични судбини, кои ќе останат мистерија.

legendi-za-makedonski-opsednati-kukji-zeleniot-zamok-vo-skopje-kukjata-na-germanskite-grobishta-vo-veles-04.jpgнеповрзана фотофрафија, извор: depositphotos.com

Пред десетина години, Константин Кајшаров, магистер по кинезитерапија и духовен водач влезе во проколнатиот зелен замок за да се увери во гласините дека е опседнат со духови.

Тој и неговиот тим користеле специјална опрема за детектирање на скриени звуци и појави. Тој, за своето искуство во проколнатиот замок изјави дека видел и почувствувал присуство на духови.

Кајшаров сподели дека плачот на демоните почнал да се придушува кога тие влегле во куќата и дека на нивната инфраред камера забележале силуета, мала како џуџе кое влегува во собата.

Заедно со силуетата почувствувале и шум, а потоа камерата се икслучила. Според неговото искуство, тој вели дека врз зелениот замок и врз оние кои живееле во него е фрлено проклетство, а истото ќе престане само кога ќе се покаат за направените гревови.

За тоа дали е вистинита или не оваа приказна одлучете вие, но сепак нејзиното слушање и читање ја заледува крвта.,

Уште 2 опседнати куќи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg