Почнува проектот „Скопје вежба“: Аеробик, јога, фудбал - денеска вежбаме на отворено на четири локации

pochnuva-proektot-skopje-vezhba-aerobik-joga-fudbal-deneska-vezhbame-na-otvoreno-na-chetiri-lokacii-01.jpg

Скопје, 17.05.2021 година - Ве покануваме да ни се придружите да вежбаме на отворено – денеска со почеток во 18 часот, кај Школката во Градски парк, во паркот зад „Три Бисери“ во Аеродром, во паркот во Ѓорче Петров и во паркот во Чаир, заедно со тим од стручни лица од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе вежбаме според следниот распоред:

КАЈ ШКОЛКА, ГРАДСКИ ПАРК:

  • моторика
  • гимнастика
  • аеробик
  • бокс

ВО ПАРКОТ ЗАД „ТРИ БИСЕРИ“:

  • јога

ВО ПАРКОТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ:

  • аеробик / пилатес
  • моторика
  • голф

ВО ПАРКОТ ВО ЧАИР:

  • фудбал
  • моторика

Можноста граѓаните бесплатно да вежбаат и да се рекреираат на отворено е дел од проектот „Скопје вежба“ кој го спроведува Град Скопје во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Проектот има цел да им помогне на граѓаните да го подобрат своето здравје и да ја одржат физичката форма.

Почнувајќи од денеска, 17 мај, па во наредните три месеци, скопјани ќе имаат можност да вежбаат и да се рекреираат на отворено секој работен ден, по 18 часот, на различни локации на јавните површини и парковите во Скопје. Ќе се вежба аеробик, фитнес, пилатес, зумба, спортска јога, атлетика и друго.

За дневниот распоред на вежби и локации во текот на месеците мај, јуни и јули граѓаните можат да се информираат на Интернет страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk, како и преку социјалните мрежи на Град Скопје.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...

Најчитани неделава