Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нов лик за шеталиштето Кај Жабарот

Град Скопје ја заврши целосната реконструкција на шеталиштето пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот“ па се до почетокот на влезот во градскиот парк, кај Министерството за земјоделие, веднаш спроти паркот на Франкофонијата.

nov-lik-za-shetalishteto-kaj-zhabarot-1.JPG

На прес-конференцијата по повод отворањето на реконструираното шеталиште се обрати градоначалникот Петре Шилегов.

- Станува збор за еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, каде што  имаме еден од наубавите дрвореди во Скопје, но, за жал, имавме и еден од најруинираните плочници. Истото го реконструиравме на потег во должина од 140 метри и со ширина од 10 метри, а шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи доби целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон, која е нова технологија што започнавме да ја применуваме – кажа Шилегов.

nov-lik-za-shetalishteto-kaj-zhabarot-03.JPG.JPG

Покрај реконструкција на шеталиштето, на овој потег е поставена и нова урбана опрема, клупи и канти за џебен отпад со што овој дел од кејот доби целосно нов изглед.

nov-lik-za-shetalishteto-kaj-zhabarot-02.JPG

nov-lik-za-shetalishteto-kaj-zhabarot-03.JPG

Ова не е прва активност на Град Скопје кога станува збор за реконструкција на јавните простори во градот, поточно кејот на Вардар и Градскиот парк. Покрај целосно исчистеното корито на Вардар од хотелот „Александар Палас“ до Аеродром, Град Скопје е во завршна фаза и со реконструкцијата на шеталиштето на кејот „13 Ноември“, а во тек е и реконструкцијата на пешачките патеки во вториот дел од Градски парк, каде што веќе се обновени и сите пешачки мостови.

- Како што многупати досега имам кажано, идејата е чистењето и уредувањето на кејот да не се прави кампањски преку периодично спроведување на големи акции за чистење, туку напротив одржувањето на кејот во добра кондиција да премине во редовна секојдневна активност на јавните градски претпријатија – додаде Шилегов.

На пуштањето во употреба на реконструираното шеталиште присуствуваа и претседателката на Советот на град Скопје, Љубица Јанчева, и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

nov-lik-za-shetalishteto-kaj-zhabarot-01.JPG

Би можело да ве интересира:

Градскиот трговски центар во Скопје блесна во новогодишно руво (фото) Со бели и сини сијалички, елки и светлечки завеси, ГТЦ е во празнично издание во...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg