За една недела подигнати 167 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (22.07-28.07.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 167 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 19 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 148 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

za-edna-nedela-podignati-167-nepropisno-parkirani-vozila-od-javnite-povrshini-01.jpg

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 292 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 19 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Би можело да ве интересира:

Пајак: „Никогаш не сум бил во Грција, сме немале можности - мама првпат на море ме однесе на 16 годи... „Како може да не си бил во Грција?“, го праша водителката, а Пајак вели: „Не сум...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Кире, татко на загинатиот Диме во Кочани: „Со бремената снаа го видовме без знаци на живот – ме моле... Сликата кога го видов син ми испружен на кревет без знаци на живот, ме шокираше....
Првпат по многу години, празнична магија и во Тетово - Новогодишна елка, неколку украси и светилки Иако во градот под Шара не е блескаво како во другите градови, сепак е празнично...
Кристијан од Скопје со искрена исповед: „Живеев 7 месеци во автомобил во Сиднеј, спиев на паркинг на... „Не беа само високите цени за сместување во Сиднеј причината, сакав да се предиз...

Најчитани неделава