Шилегов: „Младите имаат визија за развој на младински политики“

Скопје, 02.09.2021 година - Градоначалникот Петре Шилегов денеска се сретна со претставници на младински организации со кои разговараше за приоритетите и потребите на младите од Скопје.

shilegov-mladite-imaat-vizija-za-razvoj-na-mladinski-politiki-01.JPG

Тој изрази задоволство од досегашната соработка со некои од овие здруженија и најави зголемена поддршка за младинските активности во иднина. Средбата се одржа во МладиХаб, во Канцеларијата на претседателот на Република Северна Македонија.

- Изминативе речиси 4 години променивме многу нешта во начинот на кој функционира градот и уште многу ќе менуваме, особено во делот на младинските политики. Во 2018 година кога за првпат го распишавме јавниот повик за финансирање програми, проекти, активности и манифестации за младите од интерес на Град Скопје беа доделени 1.000.000 денари за финансирање на 16 здруженија кои учествуваа на овој повик со квалитетни проекти. Затоа, во 2019 година ги зголемивме средствата за овој повик на 1.781.000 денари кои беа распределени на 24 здруженија.

Во 2020 година, која пак е позната како ковид година, повторно ги зголемивме средствата, овој пат на 3.220.000 денари кои минатата година беа распределени на вкупно 51 проект од интерес на младите од разни здруженија и поединци. И, морам да ви признаам дека секоја година проектите се се поквалитетни, што ни говори само едно, нам не ни недостасуваат млади со идеи и со визија за развој на младински политики, младите се тука. Се што треба да се направи е некој да го препознае тој квалитет и да го стимулира на вистински начин. И тука успехот е неминовен – рече денеска градоначалникот Шилегов.

shilegov-mladite-imaat-vizija-za-razvoj-na-mladinski-politiki-02.JPG

Тој додаде дека Советот на Град Скопје изгласа одлука за промена на статутот на  Градот за да се создаде правен основ за формирање на локален младински совет кој е од исклучително значење за градските младински политики. Неодамна е  назначен и задолжен и службеник за млади – тоа е Димитар Мечкаровски од Одделението за спорт и млади во Секторот за јавни дејности во Град Скопје.

Градоначалникот Шилегов се осврна на неколку значајни активности и реализирани проекти на Град Скопје што се особено атрактивни и популарни меѓу младите. Тоа се двата памптрак полигона, нагорната патека на Водно за спортски велосипедизам (прва од трите планирани), тартан патеката во Градскиот парк, одбојкарското игралиште на кејот во Аеродром, редизајнот на 5 зелени скверови и двата зелени покриви - на објектот на ГТЦ и на Домот на градежници.

shilegov-mladite-imaat-vizija-za-razvoj-na-mladinski-politiki-03.JPG

Младинскиот културен центар нуди богата програма, а во делот на културата исклучително популарни беа концертите на Филхармонијата на отворено и кината на отворено во Градскиот парк, концертите на Градскиот дувачки оркестар во паркот „Ибни пајко“ и на други локации во градот.

Преку проектот „Култура во време на корона“ и „Спорт во време на корона“ Градот Скопје поддржа над 200 млади спортисти и уметници кои добија симболични паушали во првиот налет на корона кризата.

Во делот на образованието, Град Скопје ги реконструираше сите средни училишта  кои добија енергетски ефикасни фасади, прозорци и врати, а обезбедени се и прочистувачи за воздух во секоја училница.

shilegov-mladite-imaat-vizija-za-razvoj-na-mladinski-politiki-4.JPG

Обезбеден е бесплатен автобуски превоз за сите средношколци и за сите студенти независно од оддалеченоста на училиштата и факултетите. Воведени се стипендии за средношколци спортисти и средношколци со попреченост. Само во текот на минатата година Град Скопје додели стипендии за 120 средношколци спортисти во нето годишен износ од 24.000 денари.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...

Најчитани неделава