Се пробива нова улица во кругот на клинички центар

Скопје, 05.09.2021 година - Град Скопје преку јавното претпријатие Улици и патишта започна пробивање на нова улица во кругот на Клинички центар која дополнително ќе го олесни движењето на возилата и пешаците што ќе овозможи намалување на застојот предизвикан од зголемената фреквенција на пациенти како последица на пандемијата на коронавирусот.

se-probiva-nova-ulica-vo-krugot-na-klinichki-centar-01.jpg

Минатата година, од истата причина во рекордно краток рок беше извршена реконструкција на паркингот и сервисните улици на во кругот на Клиничкиот центар што значително ја зголеми мобилноста која беше неопходна, особено заради итните случаи во вонредните околности кои ги наметна пандемијата.

Во тие рамки изграден е посебен влез за возилата на итната медицинска помош, со физички одвоена сообраќајна лента која го поврзува овој влез со Ургентниот центар. Дополнително, отворен е нов влез кај инфективната клиника, изграден е нов паркинг простор на локацијата каде што се наоѓа мобилната болница со површина од 7000 метри квадратни, а ослободени се и тротоарите од паркирани возила.

Изграден е и нов влез кај клиниката за стоматологија со кој беа создадени услови за целосно одвојување на влезовите и на трасите на движење на возилата за брза помош од оние на останатите возила кои влегуваат во кругот на Клинички.

Реконструирани се двата постоечки паркинзи кај клиниките за хирургија и за гинекологија и акушерство. Со нивната реконструкција и изградбата на новиот паркинг кај монтажната клиника, површината за паркирање која во минатото изнесуваше околу 6.000 метри квадратни, сега изнесува околу 20.000 метри квадратни.

Реконструирани се и околу 90% проценти од улиците и тротоарите кои ги поврзуваат клиниките во Клиничкиот центар, а засадени се и нови дрвореди кои ќе го збогатат зеленилото коешто дополнително го облагородува овој простор.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...

Најчитани неделава