Се реконструира патот до Бојане во Сарај

Скопје, 07.09.2021 година - Градоначалникот Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска извршија увид во градежните работи за реконструкција на патот до Бојане во општината Сарај, што е во тек.

se-rekonstruira-patot-do-bojane-vo-saraj-1.JPG

- Селото Бојане е последното населено место во градот Скопје кон граничната општина Желино и долги децении било и заборавано и запоставувано од градските власти. Ова сега е доказ како во соработка меѓу Општина Сарај и Градот Скопје, помогнати и од Владата на Република Северна Македонија успеваме да го решиме овој децениски проблем на граѓаните на Бојане кои сега се поврзуваат со најдобрата инфраструктура – рече денеска градоначалникот Шилегов.

se-rekonstruira-patot-do-bojane-vo-saraj-2.JPG

Реконструкцијата на овој пат се изведува во должина од 3 километри. Покрај реконструкцијата на коловозот се обновуваат и водоводната, атмосферската и канализациската мрежа во должина од 3 километри. Се обновуваат и рабниците од двете страни на патот, се обновува зеленилото, а се гради и нова пешачка патека од бекатон плочки со ширина од 1,5 метри во должина од 3 километри. Станува збор за инвестиција од 101,5 милиони денари со вклучен ДДВ од буџетот на Град Скопје.

За премиерот Зоран Заев, од ваквите зафати се гледа грижата на локалната и на централната власт за потребите на граѓаните, зашто квалитетот на живот треба да биде рамномерен и во селата и во градовите.

se-rekonstruira-patot-do-bojane-vo-saraj-3.JPG

- Реконструкцијата на патот до село Бојане е само еден од десетиците инвестициски проекти на локалните власти во нашата земја кои ја имаат целосната поддршка на Владата низ повеќе различни програми. Со 70 милиони евра директна помош за општините во наредниот период планираме да продолжиме да реконструираме околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини во државата и Градот Скопје.

Со првиот повик опфативме 17 општини и реконструкција на 27 улици со вкупна должина од 23,62 км, проект вреден преку 4 милиони евра. Реализиран е и вториот повик, започна реконструкцијата на 35 улици во 21 општина, со вкупна должина од 35,5 км, во вредност од околу 7 милиони евра. Во тек е подготовка на трет повик кој ќе опфати обнова на дополнителни 60 км локални улици.

На секоја општина за оваа намена на располагање и стојат од 500.000 евра до 2 милиона евра, неповратни средства. Дополнително, тука е програмата на ТАВ со која се реализираат 94 инфраструктурни проекти, а се реализираат и програмите за туристички развој и програмата за водоводи и канализации – појасни премиерот Заев.

se-rekonstruira-patot-do-bojane-vo-saraj-04.JPG

se-rekonstruira-patot-do-bojane-vo-saraj-05.JPG

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Еспадрили од 1.000 евра, шешир од 800 евра – Аделина Тахири на одмор во Бодрум со цела колекција лук... MiuMiu шешир, Hermes чанти, Chanel влечки, Valentino еспадрили - колекцијата чев...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава